Село во Германија во кое жителите велат дека не е забележан ниту еден случај на заразен од коронавирус

Во Германија постои село во кое досега не е забележан ниту еден случај на заболен со коронавирус, пишуваат медиумите. Додека целата земја се бори со пандемијата, во селото Лиг, на југозападот од земјата, досега не се забележани заболени од ковид 19.

Станува збор за село кое се наоѓа во близина на германските ридови Хунсрик, недалеку од реката Мозел, југозападно од Кобленица.

Во него внимателно се рестаурирани куќите со древна скелетна конструкција, има пожарникарски дом, основно школо и огромна црква која се наоѓа во центарот на селото. Тоа е село како и голем број други во Германија.

Во селото живеат околу 400 жители, но, во изминатите 14 месеци не е забележан ниту еден случај на инфекција. Сите велат дека селото како да се наоѓа под некакво имагинарно стаклено ѕвоно, кое го спречува продорот на вирусот, пишува „Дојче Веле“, а пренесува српски Курир.

Оваа неверојатна приказна ја почнал началникот Хајнц Цилес (57).

„Досега имавме многу среќа, но, се разбира станува збор само за моментална состојба. Можеби горе имаме некаков анѓел чувар кој вели ова село да биде оставено на мира“, изјавил Хајнц.

Тој вели дека откако медиумите почнале да пишуваат за неговото село, неговиот телефон веќе две недели не престанува да ѕвони.

„Репортерите доаѓаат секој ден, сакаат да дознаат што поинаку правиме тука за разлика од другите. Кој е тајниот рецепт, покрај среќата“, вели Хајнц.

„Имаме одлична селска заедница, многу волонтери, кој веднаш се вклучуваат и прифаќаат работа. Сите се гледаме како еден тим тим на „Лигата“ и соработуваме.“, вели Хајнц.

Младите преку ноќ создадоа сервис за купување намирници наречен „Млади за стари“. Еден тим редовно ги посетува постарите, родители чии деца одат во основно школо собираат пари за двајца волонтери кои го покриваат училиштето.

„Тоа што политиката често го пропагира, но, не го спроведува, ние го земаме во сопствени раце“, вели началникот, кој објаснува дека луѓето се познаваат и водат грижа едни за други.

Но и покрај тоа што во селото нема заразени, луѓето сепак не размислуваат дека вирусот можеби и не постои. Никој не го оспорува постоењето на пандемијата.

„Луѓето се придржуваат на правилата, дисциплинирани се и го прифаќаат фактот дека во тек е пандемија со далекосежни последици по целиот свет“, вели тој.

И покрај тоа што речиси 90% од вработените во селото патуваат во некои од околните места, досега никој сите биле поштедени од корона.

Старото правило во фудбалот гласи: „Мора да остане нула“. Може да се победи, само да не се прими гол. Но, тамошните жители не го прифаќаат тоа начело.

„Ние на тоа не гледаме како на натпревар. Секогаш во иднина може да се случи и да има по некој заразен“, вели Хајнц.

Кога Мартин Вајл еден од тамошните жители, своите апартмани за одмор би ги рекламирал со нулта инциденција, неговата понуда би била многу побарана од вообичаено. Неговиот „Ландхоф Лиг“, ги привлекува туристите кои сакаат да се шетаат и јаваат низ планинарските патеки.

Тој поседува две исландски кобили и најубавиот германски висечки мост. Но, од ноември, Вајл нема да смее своите апартмани да им ги изнајмува на туристите. Такви се правилата и покрај нултата инциденција.

„Помалку одвоено гледам на работите. Апартманите се подготвени за без проблеми ги примат гостите, без никакви контакти. Но, од друга страна, дали навистина сакаме луѓето кои доаѓаат од места каде има голема инфицирност и заразеност, да доаѓаат тука на одмор?“, вели тој.

Никој во селото не сака да биде првиот кој ќе го донесе вирусот. Тоа не го сака ни Мартин Вајл, иако пандемијата ја загрозува неговата егзистенција, без разлика на помошта која ја добива од државата.

Недалеку од апартманите на Вајл, се наоѓа мала сала, во која еднаш недено, секоја сабота, од 15 до 17 часот сите жители можат да се тестираат. Резултатите ги добиваат по само 15 минути. Тоа е едно организирано селско пожарникарско друштво, на чело со пожарникорот Томас Викерт.

Хајнц вели дека ако успеат до есен да се заштитат и да нема ниту еден инфициран со коронавирус, сите од селото ќе направат една голема забава.

 

Scroll to Top