Серијата „Круна“ откри за аферата на принцот Филип што ја имал со една од грофиците

Новата сезона на серијата „Круна“ донесе голем број интересни приказни за британското кралско семејство од деведесетите години, а најмногу откри за страдањата кои ги доживеала принцезата Дајана и нејзиниот развод од сегашниот британски крал Чарлс Трети.

Исто така се зборува и за трагедијата на малото девојче Леонора Нечбул, која на само пет години ја изгубила битката со ракот, а трагедијата наводно била причина за нејзиното зближување на мајка ѝ со принцот Филип и аферата која ја имала сопругот на британската кралица Елизабета.

Станува збор за Пенелопи Нечбул позната и како грофицата од Монтбатен од Бурма. Пенелопи била мајка на Леонора Нечбул, девојчето кое во раните деведесети почина од рак.

Леонора е родена во 1986 година, како најмладото дете на Нортон и Пенелопи Нечбул, кои тогаш биле познати како лорд и лејди Ромсеј. Од страна на татко ѝ, Леонора била праправнука на лордот Луис Монтбатен, вујко на принцот Филип и највлијателна фигура во неговиот живот.

Леонора била роднина на сопругот на кралицата Елизабета, а со самото тоа и на денешниот крал Чарлс. Нејзините родители биле блиски со кралското семејство, па Леонора со мајка ѝ, татко ѝ често патувале со принцезата Дајана и нејзиното семејство.

Ова не е единствената нивна кралска врска. Нејзиниот кум е поранешниот шпански крал Хуан Карлос Први. Кога имала само четири години, додека со семејството била на летување во Мајорка, било откриено дека боледува од рак на бубрезите.

И покрај тешката состојба и лечење, Леонора учествувала во голем број настани на кои традиционално присуствувало и кралското семејство и британската јавност ја обожавала поради нејзиниот шарм и манири.

Во јуни 1991 година додека седела на балконот на Бакингемската палата за време на свеченоста, што ја изведувале полкови на британската и армија и Комонвелтот, покрај принцезата Дајана и принцовите Вилијам и Хари, во црвен капут, собраната толпа ја поздравувала и Леонора.

Тогаш била во тешка состојба поради хемотерапијата. Истата година Леонора со семејството отишла на крстарење на Медитеранот со принцот Чарлс и принцезата Дајана, а медиумите укажувале на тоа дека на малата принцеза состојбата ѝ се подобрила. Веќе во октомври повторно била сместена во болница.

Борбата со ракот ја изгубила на 21 октомври 1991 година, по само 14 месеци лечење, кога имала само пет години. Неколку дека пред нејзината смрт, принцезата Дајана минала неколку часа со неа во болницата, а веста за нејзината смрт Дајана ја дознала додека ги извршувала своите кралски должности.

Години по трагичниот настан, Пенелопи и Нортон основале добротворни организации со кои собирале пари за деца заболени од рак. По нејзината смрт, мајка ѝ уште повеќе се зближила со принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета, кој исто така бил скршен од големата загуба.

Со време станале најблиски пријатели, а се шпекулирало и дека имале афера, нешто што никогаш не беше потврдено. За потсетување, серијата„Круна“ објави голем број од емотивните и срцекршачки приказни за неверствата, трагичните љубовни сцени, смртта на саканите, но и една од најтажните судбини кои ги доживеала ќерката на грофот и грофицата од Монтбатен од Бурма.

Scroll to Top