Северна Кореја ќе добие жена лидер, сестрата на Ким станува сè помоќна во земјата

Помладата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, добива сè поголема моќ во земјата, а според некои заговорници, таа во иднина би можела да го смени својот брат на владетелската позиција во земјата.

Според јужнокорејската известувачка агенција, Јо во моментов се наоѓа на позицијата директор на севернокорејскиот Секретаријат за пропаганда и агитација.

Ким Јо-џонг за кратко време би можела да стане моќна до ниво на некои од високите помошници на Ким Џонг-ун. Како што наведуваат светските медиуми, таа се држела на страна за време на вториот самит на САД и Северна Кореја, одржан во февруари, затоа што не ги дала посакуваните резултати.

Сепак, Јо е сè повеќе и повеќе присутна во јавноста, особено по вонредниот состанок на Ким и американскиот претседател Доналд Трам во демилитаризираната зона, меѓу двете Кореи.

Јо, како што пренесуваат медиумите, може да влезе на листата на 10 најмоќни луѓе во земјата. За ова говори и податокот од пред два дена, на одбележувањето на 25-годишнината од смртта на основачот на Ким Ли Сунг. Јо била во кругот на 10 функционери со кои Ким бил опкружен.

Ким Јо-џонг седела четири места оддалечена од својот брат, а според тврдењата на јужнокорејските известувачи, нејзината моќ од ден на ден сè повеќе расте.

„Судејќи според фотографиите, таа има ранг како претседателот на Народното собрание, Чое Рјонг-хае, и потпретседателот на владејачката Корејска народна партија, Ру Су-јонг“, изјавил претседатеот на јужнокорејскиот собраниски изветувачки одбор Ли Хје Хун, кои информациите ги добива од известувачките служби.

 
Scroll to Top