Холивудскиот актер Шон Пен се присети на една необична вечер – вечерата во Москва во 2001 година со рускиот претседател Владимир Путин и легендарниот Џек Николсон.
Гостувајќи кај Џими Кимел, Пен коментираше стара фотографија од тој момент.
Контекстот е Пен и Николсон биле во Москва на Меѓународниот филмски фестивал за да промовираат филм, а Путин изненадно се појавил на нивната вечера.
Пен откри дека иако разговарале преку преведувач, е убеден дека Путин разбирал многу повеќе англиски отколку што признавал. Темата на разговор? – татковството! Пен веќе имал две деца, а Путин бил татко на најмалку две ќерки.
„Атмосферата беше како во филм – дваесет луѓе на долга маса, но сите го слушаа само Николсон и Путин,“ вели Пен, додавајќи дека Путин покажал особено восхитување кон Џек Николсон.
И покрај фасцинантниот момент, актерот денес гледа со мала горчина: „На крајот, сфатив дека тој всушност ме измами,“ призна Пен.