Што навистина се случува во машина за садови? Видео отвори лавина реакции

Кратко јутуб видео предизвика лавина реакции кога стана јасно што точно се случува во машината за садови додека работи. Каналот @povsadventures одлучи да го сними целиот процес одвнатре и да ја открие тајната на циклусот на миење.

Авторот поставил светло и камера внатре, ја наполнал машината со садови, додал капсула, ја затворил и го снимил целиот циклус. „Како и многумина, и јас се прашував што точно се случува внатре“, објасни тој.

Сè изгледало нормално – додека не се појавила жолто-кафена вода.

На почетокот, видеото покажува како млазовите вода прскаат низ машината и садовите постепено се чистат. Но, вниманието на гледачите го привлече бојата на водата – течноста станала кафено-жолта, што предизвика шок и многу прашања.

Во коментарите се појавиле различни теории:

– дека бојата доаѓа од капсулата за миење,
– дека причината може да биде железо или манган во водата,
– или дека машината е неиспавна и не ја исфрла водата како што треба.

Интернет реакциите беа бујни и духовити. Некои корисници се пошегуваа:

„Брат му ја поврзал машината со септичката јама.“

„Фала што ми покажа зошто е најдобро да се мие на рака.“

Други беа искрено загрижени:

„По ова, не сум сигурен дали садовите навистина се чисти.“

„Добро е што не сум единствениот шокиран од кафената вода.“

Се јави и лице кое тврди дека работело како инсталатор на вакви апарати:

„Пред машината да се вклучи, се гледа како стои кафена вода на дното – тоа не е нормално. Или ова е направено за реакции, или машината е расипана и не ја исфрла водата.“

Scroll to Top