Силен дожд создаде езеро среде Сахара: необична слика ја обиколи планетата

Најголемата пустина во светот, Сахара, позната по сушните услови, моментално е под силен дожд, кој не престанува да врне од средата, и тоа низ северозападна Африка.

Дождот продолжи да паѓа во регионот до четвртокот, а радарите предвидуваат дека ќе продолжи и денеска.

Количината на дожд варира од слаб до силен, според радарот.

„Zoom Earth“ сподели видео од движењето на тропскиот бран, кој често се развива во ураган, покривајќи ја Сахара. Исто така, во нивната анализа, тие ги поврзаа врнежите со малиот број урагани во Атлантскиот Океан што ги погодија САД оваа година.

„Тропските бранови, кои често се развиваат во урагани, не се појавија толку силно од централна Африка. Еден клучен фактор во формирањето на тропските бранови е Интертропската зона на конвергенција. Таа се преселила понасевер од вообичаеното. Ова, во комбинација со рекордно позитивна северноатлантска осцилација (NAO), ги промени временските шеми низ Атлантикот и Африка“, според „Zoom Earth’.

Оваа промена предизвика повеќе дождови во делови од светот кои вообичаено не добиваат толку големи количини на врнежи, како што се пустините Сахел и Сахара.

Наврна толку многу дожд што се формираше огромно езеро, што е необична глетка, а фотографијата од ова ја обиколи целата планета и ги шокираше сите што ја видоа, бидејќи се знае дека во Сахара обично нема дожд, тоа се случува еднаш во една деценија, стои во написите.

Scroll to Top