Сиромаштијата во Калифорнија сега е највисока во цела Америка

Стапката на сиромаштија во Калифорнија е на највисоко ниво во целата земја. Ова го покажуваат податоците од државната агенција US Census Bureau.

Во некогашната најлиберална држава во САД, која е преполна со закони, нееднаквоста е далеку полоша во однос на Мексико и Гватемала.

Дури и најскептичните прогресивци кои се сомневаат дека тоа е така, сега го менуваат своето мислење откако за ова известува и поралот Politifakt.

Сите податоци говорат дека нееднаквиот дохот во Калифорнија е на историско високо ниво. Самото ширење на шатори низ градските квартови и урбаните места, каде сега живеат бездомници, треба да биде факт сам по себе.

Нееднаквоста може да се прикаже преку Gini Coefficient (GC). „0“ е совршена еднаквост, каде секој заработува ист приход, додека „1“ е совршена нееднаквост, каде едно лице заработува се, не оставајќи им ништо на другите.

Зголемен GC значи поголема нееднаквост.

Во Калифорнија GC е 0,488. Ова е втор најголем резултат од сите главни американски држави. Зад него е само градот Њујорк. Но дури откако ќе се види глобалниот контекст, се добива вистинската слика и чувство за тоа колку лошо стојат работите.

Ако Калифорнија би била независна земја, тогаш таа би била 17 на светот на нееднакви земји, според податоците на Светска банка. Калифорнија тогаш би била зад Хондурас (0,511) а пред Гватамела (0,487) и Мексико (0,482).

Сега споредете го ова со останатите „социјални демократии“ со кои Калифорнија вообичаено се споредува. Канада е на 111 место, а Норвешка на 153 од 176 земји по нееднаквост.

Што се однесува до нееднаквоста, Калифорнија има повеќе заедничко со банана републиките, отколку со „општествените демократии“.

 

 

Scroll to Top