Поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, кој почина на 11 март 2006 година во холандскиот затвор во Шевенинген, е закопан без мозок, тврди Кристијан Шартије за „Би-би-си“. Ова, додаваат блиски пријатели на Милошевиќ, е за да се скрие фактот дека е убиен, а не дека умрел од природна смрт.
Шартие, кој во тоа време бил портпарол на Трибуналот во Хаг, рекол дека по смртта е направена аутопсија, а мозокот на Милошевиќ бил изваден.
„Се сеќавам дека телото на Милошевиќ во март 2006 година е вратено во Србија без мозок. Не знам што се случи потоа, дали мозокот е вратен на семејството цел или во делови, или останал на институтот, или е уништен“, рекол Шартие за „Би-би-си“, а веста ја пренесе српски Курир.
Една од можните причини за тоа, како што шпекулираа и претходно луѓе блиски на Милошевиќ, е да се прикријат трагите кои би покажале дека тој е убиен, отруен, а не дека починал од природна смрт. Според него, некои отрови брзо се разградуваат во организмот, а нивни траги остануваат само во мозочното ткиво.
Патологот д-р Зоран Станковиќ за „Курир“ рекол дека кога умира некој затвореник, во текот на обдукцијата често се земаат и чуваат делови на органи и ткива.
Адвокатот Тома Фила целосно ја отфрла можноста дека мозокот на Милошевиќ останал на Институтот за форензика во Холандија.
„Тоа се глупости. Во Белград исто така е направена обдукција и нема основ дека тоа е точно. Да се испрати човек без мозок, па зарем во сериозна држава би се случило телото на поранешниот претседател стигне без глава или мозок и тоа така да помине“, рекол Фила.