Светската здравствена организација (СЗО) соопштиле дека епидемина на ебола, која избила во Конго, сега претставува меѓународна закана. Вирусот почнал да се шири и во град од два милиони луѓе.
Од СЗО веќе во три наврати одбиле да ги советуваат Обединетите Нации да објават декларација за опасноста, но поедини експерти сметале дека услови за тоа постоеле веќе подолго време.
Од минатиот август починале повеќе од 1600 луѓе, а тоа е втора најсмртоносна епидемија на ебола во оваа земја. Оваа недела првиот случај на ебола е забележан во Гома, поголемиот регионален премин на границата со Руанда. Поради тоа што во тоа подрачје се наоѓа меѓународниот аеродром, опасноста од ширење на зараза е огромен.
Прогласувањето на глобална здравствена закана често подразбра воведување на посебни мерки на внимание и опасност. Еболата, вирусна хеморагијска грозница, е многу заразно и смртоносно заболување. Се шири преку контакт со телесни течности на заразените.
За еболата не постои конкретна терапија, а симптомите се грозница, повраќање, дијареа, болка во мускулите и повремено внатрешно и надворешно крварење. Вирусот ебола буквално го јаде месото, а до смртоносен исход доаѓа во 90% од случаите.