До ден денес никој ја нема превземено одговорноста за можеби најголемата трагедија настаната на море. Станува збор за смртта на илјадници луѓе, логораши, кои пловеле со Кап Аркона, брод кој бил уништен од страна на пилотите на кралската британска авијација.
Луѓето на бродот не биле ниту на германската, ниту на британската страна. Било соопштено дека радио-операторите на Црвениот крст се обиделе да стапат во контакт со пилотите и да ги предупредат дека на бродот имало логораши. Од 5000 луѓе на бродот, преживеале само 350.
Владите во Германија и Велика Британија и понатаму одбиваат да расправаат за тоа, или да објавуваат релевантни податоци, па така уште еден голем воен злостор останува мистерија. При потонувањето на Кар Арконе, животот го загубиле повеќе луѓе во однос на потонувањето на Титаник.
Од британската кралска авијација сите документи поврзани со оваа трагедија, ги прогласиле за тајни и ги запечатиле списите до 2045 година. Британската влада наредила документите да бидат запечатени за наредните 100 години. До 2045 нема да се знае зошто не била избегната оваа трагедија.
Постојат неколку верзии за тоа што се случило и зошто британската кралска авијација го потопила бродот. Едната верзија на приказната е дека Германците намерно ги качувале логорашите, затоа што знаеле дека британската авијација ќе го нападне бродот, па се послужиле со циничен трик.
Другата верзија е дека грофот Фолк Бернадоте, потпретседател на Меѓународниот црвен крст, договорил префрлање на затворениците во шведска болница и дека тоа била целта на последната трагична пловидба на „Кап Арконе“. Таквите трансфери биле организирани и претходно.
Британските кралски воздушни сили наводно од известувачите дознале дека целиот германски врв има намера да побегне со бродовите во Норвешка, па почнале да ги потонуваат. Тоа се случило три дена по самоубиството на Хитлер и само еден ден пред предавањето на германските војници во северозападна Германија.
Приказната за бродот Кап Аркона претставува еден од наjтрагичните настани случени за време на Втората светска војна. Станува збор за најлуксузниот германски преокеански брод кој пловел од Хамбург до Јужна Америка.
Почнал да плови во 1927 година, а можел да носи товар од тежок 27.500 тони. На оваа линија, обично на горните палуби биле превезувани богати патници, а на оние пониските сиромашни мигранти.
За време на Втората светска војна, бродот бил преполн со лица, логораши земени од нацистичките концентрациони логори. Овој брод претставувал забуна за пилотите на бритнската кралска авијација. Веднаш станал нивна мета. Тие го изрешетале, а бродот со недели подоцна ги носел мртвите тела на патниците на брегот во близина на брегот.
Главно луѓето кои живееле на брегот, со недели ги погребувале стотината мртви во заедничка гробиница, а делови од костурите на луѓето кои останале заробени во потонатиот брод, последен пат биле откриени во 1971 година. Ги пронашло момче кое ги открило четврт век по доживеаната несреќа.