Максим Бородин (32), истражувачки новинар од Јекатеринбург, починал по падот од петтиот кат.
Официјално, смртта е прогласена како самоубиства, но неговата уредничка вели дека не верува во тоа.
Портпаролот на полицијата изјавила дека малку е веројатно да оваа приказна е од криминална природа. Според зборовите на портпаролот, вратата на станот на Бородин била затворена од внатре и немало знаци на принудно влегување. Додал и дека клучевите од станот се пронајдени внатре и дека не е пронајдена последната порака.
Полина Румјанчева, главната и одговорна уредничка на весникот „Нов ден“, каде Бородин работел, изјавила истиот ден, дека не верува дека Бордин извршил самоубиство.
Вачеслав Башков, пријател на Бородин, напишал на Фејсбук дека Бородин му се јавил околу пет часот утрото, на 11 април и изјавил дека неговата зграда е опкружена со сили на безбедност, со луѓе со маски и фул опрема. Башков изјавил дека Бородин му споменал дека бил вознемирен, но не бил хистеричен ниту пијан. Му рекол дека не верува дека неговиот стан ќе биде претресен и дека службениците пред зградата веројатно чекаат судски налог, па го замилил да му најде адвокат.
Но, еден час подоцна Бородин повторно контактирал со него ѝ му рекол дека погрешил, дека службениците од обезбедувањето изведувале некаков вид на вежба.
„Не го повикав после тоа, иако го чекав да напише нешто на Фејсбук. Но, ништо не напишал, а на 13 април медиумите објавија дека Максим е пронајден некаде под неговиот балкон ѝ дека бил во болница“, напишал Башков.
Бородин редовно пишувал за злосторствата и корупцијата. Во последните неколку недели, често пишувал за смртта на руските платеници кои се бореле во Сирија, идентификувајќи неколку борци од Уралскиот град Асбест кои се убиени.
На 7 февруари група на руски платеници со тенкови и артилерии ја нападнале територијата која ја држеле противниците на владата на сирискиот претседател Башар ал Асад, под покровителство на САД. Меѓународната коалиција под водство на САД одговорила со воздушни напади во кои, како што се верува, убиени се над десетина руски борци. Според поедини медиумски извештаи, повеќе од 200 руски платеници загинале во инцидентот, иако руската влада не потврдила ниту една жртва.