Снимки кои претставуваат доказ дека коронавирусот во Вухан се ширел уште во август

Сателитски снимки од паркингот пред болницата во Вухан, покажуваат дека коронавирусот почнал да се шири во Кина уште на почетокот на август минатата година. Ова е наведено во новата студија во Медицинската школа во Харвард. Истражувањето, засега не е официјално проверено пренесува српски Курир.

Истражувањето, покажува дека на паркинзите на пет болници во Вухан, на крајот на летото минатата година и почетокот на есента, имало значително повеќе автомобили во споредба со истиот период претходната 2018 година.

Дополнително, на кинескиот пребарувач на интернет Baidu, во тој период забележан е зголемен број на претраги на клучните зборови, поврзани со заразните болести.

Научниците користејќи ги снимките од октомври 2018 година, изброиле 171 автомобил на паркингот на една од најголемите болници во Вухан, болницата Тиањоу. Година дена подоцна, на истото место имало 285 возила, што е повеќе за 67%, а во некои други болници, оваа бројка била поголема и за 90%.

„Во поедини волници во есента и во зимата 2019 година, забележани се денови на високо релативен волумен на пополнетост на паркинзите. Во периодот меѓу септември и октомври 2019 година, пет од шесте болници имале најголем релативен дневен обем на анализирани серии, што се поклопува со зголеменото ниво на пребарувачи на „Баиду“, за термините „пролив“, и „кашлица“, напишале научниците во студијата.

Употребата на „потврден проток на податоци“, за надзор на појавите и ширењето на респираторните болести не е новост. Таа техниката ја користат и известувачките безбедносни агенции.

„Идејата за да се следи пополнетоста на болничките паркинзи или протокот на пациентите, може да се користи како релативен показател за нешто што се случува меѓу популацијата“, изјавил Џон Браунстајн од детската болница во Бостон.

„Пред неколку години објавивме труд за тоа како во текот на сезоната на грип се полнат паркинзите и се зголемува протокот на пациенти во болниците во Јужна Америка. Може да се предвиди сезоната на груп, гледајќи ја само пополнетоста“, додал тој.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top