Соларна бура ќе ја погоди Македонија – На 29 ноември ќе ги дознаеме последиците

Соларната бура која синоќа стигна во Србија, ќе има влијание се до 8 септември. Во текот на овие денови луѓето се советуваат да ја зголемат внимателноста и помалку да се изложуваат на Сонцето.Соларната бура која ја погоди Србија е планетарен феномен кој се случува на секој 10-11 години, а кој ќе има влијание се до 8 септември.

Одделението за геомагнетизам и аерономијата на Републичкиот геодетски завод, наведува да интезивно се анализира промената во овој период, а дека до 29 ноември на округла маса ќе се прикажат сите забележувања и ќе се дадат детални информации за оваа појава, а да засега само да издадат предупредувања.

Соларната бура во светски рамки, секогаш се најавува во јавноста и големо внимание се посветува на оваа појава.

Во тој период се најавени интезивни соларни геомагнетски бури, кои можат да доведат до нерегуларност во работата на сателитските и комуникациските системи, електро мрежите и дистрибутивните системи, мобилната телефонија, ГПС технологијата, радарски системи и системи за навигација.

Еве што навистина се случува!

За што всушност станува збор и што претставува соларната бура, објаснува доктор Стаменко Ј. Михајловиќ, началник од Одделението за геомагнетизам и аерономија, Републички геодетски завод.

„Соларната бура е планетарен феномен, кој продолжува да настанува во магнетното поле на Сонцето, каде доаѓа до таканаречена експлозија на Сонцето. Кај нас синоќешната соларна бура била умрена со слаб интезитет, додека во 2003 година, била доста интезивна. Таа експлозија воглавно е со краток период на траење, од силината на експлозијата зависи колку соларната бура ќе трае.

„Во наредните 3-5 дена, може да се очекуваат промени во временските услови, влијанијата на циклонот и антициклонот, а на соларната бура најмногу ќе реагира метеоропатите, луѓето кои имаат пејсмејкери, лицата со кардиваскуларни и хронични проблеми, хиперсензитивните, лицата со метал во себе.

„Ние правевме анализа и заклучивме дека сите информации ќе ги претставиме на тркалезната маса на 29 ноември, каде ќе дадете детални информации и објаснувања за оваа појава, засега е доволно само да ги информираме луѓето“, вели Михајловиќ.

 

 

 

 

Соларните бури имаат влијание на птиците, пчелите. Тие ја губат ориентацијата за време на соларната бура, а најмногу влиајае на луѓето.

„Уредите ќе работат, но влијанието кое ќе го остави зрачењето на човекот не може да се намали. Соларната бура има големо влијание на кожата, мораме да бидеме свесни дека спектарот на сончевото зрачење се промени на полошо. Така луѓето би требало во текот на овој период да одат во прошетка во попладневните часови“, заклучува професор доктор Михајловиќ.

 

 

 

Scroll to Top