Сончева радиоактивна бура се очекува да ја погоди Земјата

Научни експерти тврдат дека на 22 септември, в сабота, планетата Земја ќе биде изложена на најголем степен на радијација од Сонцето. Од британската Национална управа за океани и атмосфери (NOAA) велат дека радиоактивната бура би можела да предизвика целосно уништување на комуникациските системи на Земјата.

„Може да предизвика големи проблеми во напојувањата, да предизвика прекини што би можеле да бидат фатални. Исто така, може да им направи проблем на сателитите и авионите и да ги наруши навигациските системи“, велат од британската Национална управа за океани и атмосфери.

Се верува дека сончевата бура може да биде една од најголемите закани за човековото постоење. Експертите веруваат дека во атмосферата на Сонцето се отворила дупка што  им овозможува на снопови радиоактивни честички да се насочат кон Земјата.

Огромна сончева бура ја погоди Земјата во 1859 година, а  иста таква денес би можела да го уништи нашето модерно општество, кое е зависно од технологијата.

Последиците од сончевата бура би можеле да траат со месеци, дури и години. Властите ќе бидат принудени да ја поправаат оштетената инфраструктура.

Специјалната осигурителна компанија „Лојд“ од Лондон проценува дека сметката за поправка би можело да изнесува речиси два билиони фунти само во Велика Британија.

 

 

 

Scroll to Top