Сопругата на словенечкиот премиер за свадбата: „На гостите им ги одзедовме мобилните телефони“

Словенечката инфлуенсерка и поранешна мисица Тина Габер (39) неодамна се омажи за премиерот на Словенија, Роберт Голоб (58). Таа за Net.hr откри како изгледала нивната интимна свадбена церемонија што се одржала во Струњан, на словенечкото приморје.

„Воопшто не планиравме венчавка. Но, кога почнаа гласини дека ќе биде на есен и сите нè прашуваа кога ќе се венчаме, си рековме – па ајде. Сега гледам дека тоа беше најдобрата одлука. Венчаницата ја избрав за два дена – добро е што немав повеќе време, затоа што би го закомплицирала целиот процес,“ изјави Тина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Gaber (@tina_gaber)

Таа откри дека свадбата ја испланирале за еден месец, а атмосферата била весела и опуштена: „Имавме одличен бенд, диџеј и многу добра енергија. Сонцето заоѓаше, морето беше зад нас, а ние двајцата зрачевме среќа. Не сакав тивка, романтична венчавка, туку разиграна и жива, и според реакциите на гостите – успеавме целосно.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Golob (@_robertgolob_)

Како најинтересен момент од вечерта, Тина спомена дека на гостите им ги одзеле мобилните телефони:

„Кога ќе им ја тргнете таа дистракција, се случува вистинско чудо,“ рече таа со насмевка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Gaber (@tina_gaber)

Парот ќе отпатува на меден месец во Африка.

Тина Габер е позната на јавноста уште од 2008 година, кога ја освои титулата Miss Hawaiian Tropic Slovenije. Студирала социологија, а подоцна се утврдила како водителка, инфлуенсерка и активистка, особено ангажирана во борбата за права на животните и заштита на животната средина. Денес има бројна публика на социјалните мрежи и е препознатлива по спојот на моден стил и општествена свесност, како и по залагањето за здрав начин на живот и транспарентност во институциите.

Scroll to Top