Меѓународниот правен тим покрена тужба против НАТО, поради нејзината наводна употреба на осиромашен ураниум, три месеци во бомбардирањето на Југославија пред 18 години.
На предлог на српската Кралска Академија, а со благослов и на патријархот на Српската православна црква, Србија 18 години по НАТО бомбардирањето ќе го тужи овој воен сојуз за материјална и нематеријална одштета, за граѓаните кои биле лично погодени во текот на зрачните удари во тој период.
Според пишувањето на RTS, тужбата во име на жртвите, се подготвува од особено оформен меѓународен адвокатски тим, но и токсиколози кои ќе се обидат да ја докажат врската меѓу порастот на најтешките болести и користењето на ураниум во текот на бомбардирањето.
Како основа на тужбата, адвокатите истакнуваат дека 45 милијарди години е потребно за целосен распад на осиромашениот ураниум, а по признанието на НАТО во 1999 година, на територијата на Србија и Косово, фрлени се повеќе од 15 тони.
„Сега статистиката токму говори за тоа дека постои сериозен број на заболени, и за епидемија од малигни болести, аномалии на потомството, кое се појавува кај самото дете и тоа, во еден ден е утврдено едно малигно заболување, што говори доволно за ризикот“, изјави член на тимот, Радомир Ковачевиќ, токсиколог во белградскиот Институт за медицинска работа и радиолошка заштита.
Иако врската меѓу статистиката и бомбардирањето службено не е докажана, тимот на експерти има намера да утврди пред судовите на 19 земји членки на НАТО.
Целта на тужбата, истакнува експертскиот тим, е да тие земји учесници во бомбардирањето, помогнат и во санирањето на последиците.
Да потсетиме, 19 земји членки на НАТО сојузот на 24 март 1999 година, во 19:45 часот, од четири воздухопловни бази во Италија, но и со бродови во Јадранското море, почна со воздушни удари со крстаречки ракети, на воздушниот простор на повеќе места во Србија и Црна Гора.
Според проценката на владата на Србија, во бомбардирањето загинаа најмалку 2500 лица, од кои 89 деца, а ранети беа повеќе од 12.500 лица.
Во бомбардирањето, кое без прекин траеше 78 дена, тешко беа оштетени инфраструктурата, економските објекти, школите, здравствените установи, медиумските куќи и споменици на културата.
Уредот за односи со јавноста на НАТО, соопштија дека сега е свесен за наводите на Србија, но даде и дополнителни коментари.
На прашањето како и зошто Србија одлучила да го тужи НАТО, 19 години по нападите, адвокатот изјави: „Со оглед на страшните последици, за нашата популација… никогаш не е доцна да се тужи некого кој предизвика еколошка катастрофа, некој кој, ја бомбардираше Србија со квази-нуклеарно оружје, односно осиромашен уран“.