Србите ги контролираат мозоците на Хрватите со помош на оружјето на Тесла

Хрватскиот портал „hazyd.hr“, објави сомнителна приказна со која е обидува да објасни што се случувало на Балканот во изминатите неколку децении.

Теоријата се сведува на обвинувања дека Србите ги контролираат мозоците на политичарите во земјите од поранешна Југославија, а со тоа тврдат дека народот на Србија успеал да се дофати до оружјето на Тесла.

„Копрањето на „невидливите“ мозочно бранови, на еден човек на мозокот на друг човек е технологија која денеска се нарекува „EEG клонирање“, и веќе долго време тајно се подготвува низ светот од страна на четничко-сотонските монструми од Србија, кои преку KOS, и Удба, прво клонираат и потоа ги покоруваат поединци во Америка, Кина, Велика Британија, Франција, Русија, ЕУ.

Денеска тој процес продожува на подрачјето на поранешна Југославија, од каде се почнало во 1990 година, со свесно планирани и изведени воени конфликти, а сега, со желба за повторно да се превземе власта со помош на „клонирани лидери“, сакаат да воспостават „регионална сила – Голема Србија“, пишува порталот.

Порталот ги обвинува Србите дека изградиле систем на копнени предаватели ширум поранешна Југославија, како и дека по нацртите на Тесла планираат да создадат непробоен штит, кој Србите ги штити од сите видови на напади, па дури и нуклеарно оружје.

„Освен уредите за контрола на умот, поседуваат и направи за толеранција на оние посакувани елементи, кои со внесувањето во телото и централниот нервен систем го контролираат човековиот ум, а преку него и целото негово енергетско тело“, пишува „hazud.hr“.

Порталот наведува и дека луѓето кои Удба ги има запоседнат, може да се препознаат со анализа на лабораториски налози, поради тоа што во крвта има недостиг на железо, витамини, минерали и вишок на олово и маснотии.

„Србија со помош на ЕМP направи продолжуува со незавршените воени етнички чистења, како на подрачјето на Хрватска, особено на Славонија, така и на подрачјето на БиХ, средна Босна, Ливна и Томиславград“, се заклучува во овој бизарен текст.

 

 

 

Scroll to Top