Срушените Кули близначки убиваат и ден денес

Бројот на пациенти заболени од рак, нагло пораснал откако федералната програма почна да ја следи оваа болест од 2013 година. Речиси 10.000 луѓе заболеле од рак кој е поврзан со токсична прашина и дим кои настанале како резултат на терористичките напади на 11 септември. Бројката продолжила експоненцијално да расте, откако почнала да се реализира програмата во болницата Mount Sinai 2013 година.

Вдишувањето на честичките од исчуреното гориво, азбестот, цементната прашина и стаклените фрагменти, по уништувањето на Светскиот трговски центар, довело до ширење на ракот меѓу најмалку 9795 луѓе, објавил во Њујорк Пост.

Во 2015 година бројот на пациенти со рак поврзани со 9/11 се искачил на 3204 лица, додека следната година истиот скокнал на 8188 лица.

„Овие податоци ги ажурираме 15 до 20 пати неделно“, вели доктор Мајкл Крејн.

Медицинскиот директор од Здравствената програма STC нагласува дека за време на 17 години, од кога се случи трагедијата, постарите луѓе често се јавуваат за медицинска помош.

„Кај постарата популација, се забележува стапка на рас на заболување на рак“, вели Крејн.

Од трагедијата, повеќе од 1700 погодени лица починале, вклучувајќи и 420 кои биле погодени од рак, се вели во официјалните публикации. Оние кои први реагирале имаат тенденција да патат од рак на штитната жлезда и канцер кој ја погодува кожата, меланома, а исто така се соочуваат со голем ризик на заболување од рак на мочниот меур.


Остатокот од Њујорчани кои биле изложени на токсичната прашина покажува поголема стапка од нормалната во ракот на дојката и Не-Хочкиновиот лимф. Исто така соопштено е дека постои и зголемување на леукемијата и други пореметувања на крвните клетки, изјавил Крејн.

Руски извори тврдат дека Кулите близначки во Њујорк не се срушени од страна на терористи, туку дека е во прашање нешто друго.

Официјалните лица од њујоршката противпожарна служба, велат дека 850 противпожарни лица и службеници од медицинскиот персонал, кои се наоѓале на местото на настанот, им било исто така дијагностициран некаков облик на рак, од тој ден па навака.

„На денот кога стигнале првите респоденти, воздухот бил отруен и останал отруен многу месеци подоцна“, изјавил Џејк Лемонд, претседателот на Единствената асоцијација на противпожарни служби.

Руски извори се сомневаат во ваквите драстични податоци поврзани со сомнението дека кулите во Њујорк се срушени од страна на терористи, на начин на кој што е објавено, и сметаат дека истите се минирани со мини нуклеарни полначи.

Дупката во земјата под срушените кули во Њујорк не може да настане од никаков друг начин, освен од темпирани нуклеарни полначи.

 

 

Scroll to Top