Смртоносниот облик на рак на панкреасот што ја уби Арета Франклин може да се препише делумно на оние кои не веруваат во глобалното затоплување, вели музичката легенда Стиви Вондер.
Вондер за време на своето интервју во емисијата CBS Morning Morning сугерирал дека глобалното затоплување може да има улога во нејзината смрт, жалејќи се дека оние кои ги негираат климатските промени не веруваат дека тоа што ние сите го работиме влијае на светот.
„Само чувствувам дека сите овие различни болести што ги имаме и сè што се случува во светот е делумно затоа што постојат луѓе кои не веруваат во глобалното затоплување и не веруваат дека сите ние влијаеме на природните промени во светот“, вели Вондер.
„Топлината влијае на светот и влијае на сите нас. Само се надевам дека лудите луѓе ќе се вратат во нормала и дека сите ние ќе се откажеме од омразата, злото и себичноста“, вели Вондер.
Музичката легенда во минатото ги укори сите оние кои ги негираат климатските промени.
Иконата на музичката индустрија во интервјуто го коментираше и ураганот што ја погоди Америка во 2017 година.
„Мораме да почнеме да ја сакаме и да ја цениме нашата планета. Секој кој верува дека не постои глобално затоплување мора да е слеп или неинтелигентен“, вели Вондер.