Судот го одби барањето на Асанж за кауција

Судот во Лондон го одби барањето за кауција на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, пренесе денес „Скај њуз“. Тој во моментов се наоѓа во затвор во Велика Британија.

Одбивањето на кауцијата настана откако британскиот суд во понеделникот го одби барањето на САД да го испорачаат поради неговата ментална состојба, односно стравот дека тој би можел да изврши самоубиство, доколку биде испорачан.

Асанж не е виден во јавноста како слободен човек уште од 2012 година, кога тропна на вратата на амбасадата на Еквадор во Лондон и таму побара засолниште.

Еквадор му даде политички азил, кој предизвика дипломатски реакции во Велика Британија. По седум години, тој стана непосакуван гостин во амбасадата и припадниците на Скотланд Јард влегоа во објектот и го уапсија.
Граѓаните на Лондон, последен пат го виделе Асанж во април 2019 година, кога полицијата го приведуваше.

 

Scroll to Top