Сведок го видел убиецот на Ивановиќ како го пали „опелот“ со кој побегнал

Институтот за форензика во Приштина поседува снимки кои обвинителството во Косовска Митровица по една недела од атентатот сè уште не ги добило.

Обвинителот во Приштина вчера ја откажа конференцијата за новинари, а упорното молчење на косовските органи за досегашниот тек на истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ дополнително ги подгреа сомнежите дека Приштина нешто крие.

И покрај најавата, вчера не беа изнесени резултатите од анализата на снимките од безбедносните камери за местото на ликвидација на Оливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“.

„Еден од сведоците даде исказ за некој човек што го видел како го пали автомобилот „опел“. Според описот што ѝ го дал на полицијата, станува збор за маж со среден раст, кој имал капа преку главата. Сведокот тврди дека по палењето, тој се оддалечил во правец на селото Суви Дол“, открива извор кој е запознаен со истрагата.

Истрага без резултати

Јавноста вчера од канцеларијата на галвниот косовски обвинител Шуќери Суља, наместо информации за напредок во истрагата, добила шокирачка вест. Конференција нема да има, ниту била планирана. Приштинските медиуми претходно му ја пренеле на обвинителството најавата на Суља за тоа дека в понеделник ќе ги соопшти резултатите од досегашната истрага за убиството на Ивановиќ, со објаснување дека информациите ќе се однесуваат на снимките од безбедносните камери, детали од запаленото возило „опел астра“, форензички докази и изјави од шестмина сослушани сведоци. Дополнително, следувала информација дека косовоското Министерство за правда преку ЕУЛЕКС Србија ќе ги достави информациите што ги поседува за убиството на Ивановиќ.

Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави дека тоа што Приштина одбива Србите да бидат вклучени во истрагата испраќа порака дека тие нешто не сакаат да споделат во јавноста.

„Се надевам дека еднаш засекогаш ќе биде јасно зошто некој не сака вклучување на српските органи во истрагата. Многу е тешко да се работи кога немате увид во материјалите, ниту во процесираните работи“, изјави Стефановиќ и додал:

„Затоа инсистираме секој ден, за нас е важно државните органи да бидат вклучени и сметаме дека тоа би помогнало. Со кого тогаш да ги делиме податоците? Не сака Приштина, не сака ЕУЛЕКС, ни УНМИК. Кого да прашаме, Австралија? Кого?, затоа што веќе ги прашавме сите? Очигледно не се подготвени да ги споделат тие податоци, наведе Стефановиќ.

Криење

Претседателот на општинскиот одбор за Косово и Метохија, Милован Дрецм, нема дилема дека зад ова се крие намерата на Приштина да ја забави истрагата, а во краен случај да ги скрие извршителите и наредбодавците.

„Очигледно е дека не сакаат да се реагира брзо и ефикасно, да дадат реални сознанија со кои евентуално располагаат, а тоа само може да укаже во намерата дека истрагата може да се насочи во погрешен правец и да се отвори простор за манипулации и шпекулации, но и да се скрие идентитетот на вистинските извршители и наредбодавци“, вели Милован Дрец.

За потсетување, Ивановиќ е убиен пред својата партија во Косовска Митровица пред една недела.

 

Scroll to Top