Светот се наоѓа на две минути до катаклизма, покажа „часовникот на апокалипсата“

„Часовникот на апокалипсата“, кој ја симболизира неминовноста на глобалната катаклизма, останува на две минути до полноќ, воглавно поради употребата на информации како оружје за слабеењето на демократијата во светот.

Ова денес го соопштиле американски научници кои секоја година ги прилагодуваат стрелките во согласност со случувањата во светот.

Стрелките на часовникот се наоѓаат на две минути до полноќ како и во 1953 година, кога САД и Советскиот сојуз тестирале хидрогенска бомба, се наведува во извештајот на билтенот на нуклеарните научници (BSA).

Стрелката е на истото место како и минатата година, но тоа не е знак на стабилност, изјавила членката на BSA Рејчел Бронсон.

Според нејзините зборови, поради ризикот од нуклерана војна, климатски промени и ширење на „лажни вести“, како оружје за детабилизација, светот влегол во фаза кои научниците ја нарекуваат „нов абнормален период“.

Поранешниот гувернер на Калифорнија Џери Браун, кој исто така бил член на BSA, оценил дека светските раководители не прават доволно за да се намали опаснота од сериозна нуклеарна војна.

„Заслепеноста и глупоста на политичарите и нивните советници е нешто шокантн во однос на опасноста од нуклеарна катастрофа. Ние сме како патници во Титаник. Не го гледаме ледениот брег пред нас, но затоа уживаме во доброто јадење и музиката“, изјавил Браун.

Часовникот на апокалипсата или судниот ден бил направен по почетокот на Студената војна и од 1947 година тој редовно е ажуриран од научниците на BSA и од Универзитетот во Чикаго.

Полноќ претставува крај на светот, објаснуваат научниците. Тие ја користат аналогијата на пребројување на времето до полноќ, за да предупредат на опасноста од нуклеарни, еколошки и технолошки закани.

 

Scroll to Top