Светската здравствена организација најави дека стигнува епидемија наречена црна смрт

Светската здравствена организација предупреди дека од новата епидемија наречена црна смрт, би можеле да умрат милиони луѓе во Африка.

Светската здравствена организација, која заедно во соработка со Министерството за здравство во Мадагаскар, работи на спречување за целата работа да не излезе од контрола, излезе со соопштение дека веќе 231 лице се заразени од оваа чума.

Официјалните претставници од Светската здравствена организација излегоа со соопштение во кое велат дека и ризикот од ширење на болеста е висок на национално ниво поради тоа што веќе е присутен во неколку градови, а ова е само почеток.

Чумата има стапка на смртност од 30 до 100 проценти доколку не се лекува, а вирусот што се пренесува од лице на лице преку воздух многу тешко може да се контролира.

Светската здравствена организација ја опишува оваа чума како најсмртоносна во разновиден облик.

Речиси 1,2 милион дози антибиотици и 15 милиони долари е испратена помош за итно финансирање од страна на Светската здравствена организација во борбата против оваа чума.

Доктор Шарлот, една од претставничките на Светската здравствена организација во Мадагаскар, изјави:

„Чумата се лекува само ако се открие навреме. Нашите тимови работат на тоа за да можат да го осигурат секој што е во опасност, како и за тоа секој да има пристап до заштита и до лекување. Колку побргу дејствуваме, ќе можеме да спасиме повеќе животи“, вели таа.

Како одговор на оваа закана, владата на Мадагаскар затворила повеќе јавни институции, вклучувајќи ги и училиштата и универзитетите, како и распоредување тимови за спречување и прскање против болви и глодачи.

Големата јавна окупација, вклучувајќи ги и концертите и спортските настани, исто така се забранети.

Луѓето заразени со чумата обично развиваат симптоми слични на грип, а по три до седум дена во инкубација, според критериумите на Светската здравствена организација, типичните симптоми вклучуваат изненадувачки напади на треска, повраќање, болки во главата и телото, слабост и мачнина.

 

 

 

Scroll to Top