Светски научници предупредија на апокалиптични сценарија поради климатските промени

Повеќе од 11.000 научници од 153 држави прогласија вонредна состојба поради климата. Тие предупредуваат дека светот може да му се случи невидена закана, ако итно не се преземе акција за зачувување на биосферата.

„Научниците имаат морална обврска јасно да го предупредат човештвото на каква било голема егзистенцијална закана“, велат потписниците на текстот објавен во списанието „Биосајенс“.

„И покрај 40 години светски преговори за климата, со неколку исклучоци, ја пропуштивме можноста да се соочиме со ова чувствително прашање“, пишуваат научниците, предводени од Вилијам Рипл и Кристофер Волд од Универзитетот во Орегон.

„Климатската криза стигна и се забрзува повеќе од вообичаено“, се вели во соопштението.

Научниците препорачуваат шест чекори кои би требало да ги ублажат ефектите од климатските промени. Треба да се заменат фосилните горива, нискојаглеродните обновливи извори, да се намали емисијата на загадувањето како метанот, да се заштити екосистемот на Земјата, да се јаде главно храна базирана билки, а помалку на производи од животинско потекло. Да се создаде економија со исфрлање на јаглерод диоксид и да се стабилизира светската популација.

Научниците велат дека се охрабрени со неодамнешните манифестации на млади луѓе кои ги предупредуваат владите да почнат со акции за спас на планетата, како и на други основни кампањи.

Како Сојуз на светски научници, потписниците истакнуваат дека се подготвени да им помогнат на владите и сите оние кои носат одлуки во делувањето и разводот и остварувањето на праведниот премин на обновлива и праведна иднина. Човештвото треба да постапи така за да го одржи животот на планетата Земја, нашиот единствен дом“, навеле потписниците.

Scroll to Top