Светски научници работат на протокол за контакт со вонземјани

Веќе 35 години група експерти работат на протокол за контакт со вонземјани. Групата е составена од правници и научници кои работат на чекорите кои треба да се следат доколку дојде до контакт со вонземјани.

Компјутерскиот научник Џон Елиот од Универзитетот во Сент Ендрус од Шкотска рече дека веќе подолго време научниците размислуваат за тоа како вонземјаните би имале влијание врз нашата планета и човештвото воопшто. Сега сакаат да смислат начин како би го оствариле првиот контакт со нив и што треба да правиме во таква ситуација. Досега протокол за контакт со вонземјани имало само од Институтот за потрага по вонземна интелигенција СЕТИ во 1989 година. Овој протокол бил ревидиран пред една деценија.

Според него, главниот совет за научниците во случај на контакт со вонземјани е да побараат насоки од Обединетите нации или друго тело. Во последниве децении идејата за наоѓање живот на друга планета станува актуелна поради повеќе научни достигнувања, како наоѓањето траги од вода на Марс и егзопланети слични на Земјата.

Scroll to Top