Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги нападна светските елити, обвинувајќи ги дека успеале да заработат милијарди додека економиите низ земјите полека се рушат.
Белорусија е една од земјите во Европа која не воведе строги мерки на затворање, поради коронавирусот. Оваа земја досега успеа да ја задржи смртноста од вирусот, на импресивно ниско ниво.
Белорускиот претседател Лукашенко, тврди дека елитите ја искористиле пандемијата со коронавирусот за да украдат милијарди долари, додека глобалната економија е пред колапс.
„Коронавирусот во целата планета е доведена во состојба на психоза. Јас тоа го нарекувам психоза, затоа што некој очигледно мора. А веројатно и самите приметивте кој. Тоа е исто како и секогаш, по свинскиот грип, птичјиот грип, САРС, денес се соочуваме со друг вид на пандемија, друга пневмонија, само во нов облик. И се сеќавате кој ја искористи оваа ситуација во минатото. Кој заработуваше милијарди?“, изјавил Лукашенко.
„Целиот свет денес застана. Глобалната економија не само што застана, таа е срушена. Но, водечките компании, водечките милијардери и држави ставаа милијарди долари во своите џебови“, додал тој, коментирајќи ја моменталната криза.
„Затоа секогаш го поставувам прашањето, наназад три месеци, како што можете да се сетите. На кого му е ваквата ситуација потребна? Дали овој настан го создаде човекот. Оваа пандемија со здравјето? Засега немам одговор на тоа прашање и се надевам дека го немате ни вие“, напоменал Лукашенко.
Белорускиот претседател исто така им се обрати на своите критичари, потсетувајќи ги дека како преку медиумите и интернетот, се шегувале со неговите совети. Тој порача коронавирусот да се лекува со вотка, трактори и работа на терен.
„Ви го реков тоа како на шега и стана некаков вид на „Лукашенко бренд“, кој некогаш го споменуваа меѓу моите критичари. Велеа дека сум луд, дека не знам како да постапувам со луѓето, иако овие мои коментари беа сериозни идеи“, изјавил Лукашенко, препорачувајќи им на луѓето да се занимаваат со спорт и вежбање на отворено, за да изградат свој имун систем и да се подготват за можноста и за вторио бран на инфекција.
„Повторно велам. Сите луѓе ме критикуваат и мислат дека блефирам, но никој не знае што може да се случи утре“, заклучил Лукашенко.
Белорусија се соочува со гневот на медиумските и медицинските експерти ширум светот, откако одби да превземе обврзувачки мерки и затворање на фабриките, фармите, школите, продавниците, рестораните и другите содржини во земјата.
Сите тие останаа отворени во последните неколку месеци, дури и кога сите соседни земји ги затворија. Но, неодамна објавените податоци покажуваат дека, иако стапките на зараза по глава на жител се спореди со останатите европски земји и САД, стапката на смртност во оваа земја е најниска во светот. Белорусија го завзема 45. место од 49 земји, во кои има доволно достапни податоци, со 10.000 или повеќе случаи.
Оваа недела Институтот за политички студии, истражувачкиот центар со седиште во Вашингтон, заклучил дека само во САД, милијардерите додале 565 милијарди долари на своето богатство, од средината на март, а вкупното богатство им пораснало за 19% од почетокот на пандемијата.
Податоците се објавени покрај извештајот, во кој се вели дека околу 39 милиони Американци, поднеле барање за невработеност поради кризата. Слични трендови се забележани и во земјите ширум светот, од Европа до Азија.