Тајни служби го испрашувале Еминем поради заканите кон ќерката на Трамп

Тајните американски служби, го привеле светскиот пејач Еминем поради наводните заканувачки стихови во една од неговите песни, кои раперот ги испеал за Иванка Трамп, ќерката на претседателот на САД Доналд Трамп. Тајните служби сметале дека неговото споменување на ќерката на шефот на Белата куќа во песната Framed, „Лажно обвинет“, претставува потенцијална закана.

Порталот Bazfild, објави дека Еминем е голем критичар на Доналд Трамп, а во една од неговите песни тој споменува и дека претседателот ги испратил Тајните служби да проверат дали музичарот ќе му наштети на претседателското семејство, или дека можеби е потенцијален терорист. Новинарите на Bazfild испратиле прашања до тајната служба да добијат одговори за целиот настан, а од таму им потврдиле дека Еминем е навистина сослушан.

„Агентите го предале документот од 40 страни, од целото сослушување на Еминем. Причината за приведувањето беа „заканувачките стихови“ кои раперот ги посветил на Иванка Трамп. Тајната служба го окарактеризирала Еминем како некој кој покажал непристојно однесување и дека преку стиховите сака да се заканува. Еминем бил пријавен во Агенцијата за безбедност на претседателот, од страна на загрижен граѓанин. Службата веднаш забележала дека тоа не е прв пат Маршал Брус Метерс III, како што гласи вистинското име на Еминем, да упатува навредливи коментари на сметка на претседателот и неговите деца“, пишува Bazfild.

Во песната Framed се споменува Иванка Трамп, за која Еминем пее дека е мала глупава русокоса, која ќе заврши во езеро. По сослушувањето, спроведена е истрага и наведено е дека нема никаква причина за поведување постапка против Еминем.

 

Scroll to Top