Tеоретичарот на заговори Aлекс Xонс мора да плати 965 милиони долари за тврдењата дека масакрот во училиштето во Сенди Хук е лага

Познатиот американски теоретичар на заговори, Алекс Џонс, ќе мора да плати отштета од 965 милиони долари затоа што лажеше дека масакрот во основното училиште во Сенди Хук во Конектикат во 2012 година, кгоа беа убиени 12 деца и шест возрасни лица бил измама.

Крајнодесничарскиот радиоводител и основач на контроверзниот сајт „Инфоворс“, тврдеше дека масакрот бил инсцениран владин заговор за да им се одземе оружјето на Американците и дека никој всушност не бил убиен. Родителите на жртвите ги нарекуваше актери и тврдеше дека некои од нив не ни постојат.

Семејствата на осум од жртвите и еден агент од ФБИ кој одговорил на нападот го тужеа за клевета и го обвинија дека неговите дезинформации резултирале со вознемирувања и смртни закани по нивните животи. Едни тврдеа дека биле изложени на омраза, а други дека морале да се иселат заради својата безбедност и му бараа 550 милиони долари отштета.

Во исто време, Џонс и неговата компанија заработиле милиони долари од продажбата на разни производи. За потсетување, на друго судење за клевета во Тексас, Џонс во август призна дека нападот е вистински, а тринеделното судење во Конектикат беше обележано од емотивните сведочења на родителите на жртвите.

Scroll to Top