Тестовите за коронавирусот се целосно промашување поради долгото чекање на резултатите

Долгото чекање на резултатите на повеќето тестирања на коронавирусот во САД е целосно бесмислено, изјавил Бил Гејтс за CNBC.

Повеќето тестови се потполно бесмислени, затоа што луѓето мораат долго време да чекаат на резултатите, истакнал американскиот милијардер и филантроп. На повеќето резултати се чека подолго од 48 часа, а таквото тестирање е целосно промашено, смета Гејтс.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно истакна дека зголемувањето на обемот на тестирања на коронавирус во САД е нешто на што целиот свет може да му позавиди.

Но, времето потребно за да се дојде до добивањето на резултатите е премногу долго, за да биде од помош во спречување на ширењето на вирусот, наведува CNBC.

Лабораториите ширум светот заостануваат во издавањето на резултатите од тестовите на коронавирусот поради порастот на бројот на заразени. Голем број пациенти чекаат на резултатите и по неколку дена, а понекогаш и цела недела.

Ова е соопштено од најголемата лабораториска дијагностичка компанија во земјата. Просечно време на чекање на резултатите на тестовите е преку два дена за пациенти од најголем приоритет, велат од компанијата Quest Diagnostics, додека кај сите останати надминува една недела.

Бил Гејтс истакнува дека тестовите на чии резултати се чека повеќе од три дена, понекогаш и до седум, не би требало да чинат ниту еден долар.

„Тоа е лудост“, изјавил Гејтс.

Основачот на „Мајкрософт“ истакнува дека е потребно да се направат приоритети и дека припадниците на сиромашните слоеви на општеството, кои се под најголем ризик, не треба да чекаат на резултатите повеќе од 24 часа.

Неадекватното тестирање на коронавирусот е залудно во спречување на напорите да се рашири заразата во земјата, уште откако беше потврден првиот случај во јануари. Обемот на тестирање во меѓувреме е проширен на преку 738.585 тестови на ден.

Толку изнесувал во јули според анализата што ја спровел CNBC и оваа бројка е значително поголема од онаа во април, кога бројот на тестирања изнесувал преку 174.000. Сепак, проблемот на чекање на резултатите и понатаму спречува тестирањето да го има целосниот ефект.

Надлежните институции упорно ги бранат тестирањата во земјата. Од Министерството за здравје наведуваат дека просечното време на чекање на резултатите е нешто преку четири дена за PCR-тестовите, како и дека постојат брзи тестови кои можат да дадат резултати за неколку минути.

Таквите не се многу веродостојни. Во САД од почетокот на пандемијата на коронавирусот заразени се преку 4,5 милиони луѓе, додека од последица на Ковид-19 починале преку 150.000 заразени од опасниот вирус.

 

Scroll to Top