Сите во СФРЈ плачеа, беше тоа вистинска трагедија, иако се знаеше дека Јосип Броз Тито е тешко болен. Години подоцна, до ден денешен, голем број на историчари, биографи, но и тероетичари на завери упрно ја провонгираа идејата дека најголемит син на нашите народи и народности всушност починал неколку месеци пред 4 мај!
Смрт во февруари
„Јосип Броз Тито почина“ беше пораката која Советот за одбрана на уставниот поредок на СФРЈ, наводно, во најголема тајност уште на 14 февруари 1980 година, ја упати до разорувачот „Сплит“, кој се наоѓаше во водите на Црното море. Набрзо потоа е повлечена, а како причина се наведува тоа што лекарите според некои тврдења, веќе клинички мртвиот Броз го приклучија на апарати додека државниот врв не одлучи што ќе прави по неговата смрт и како да ја сочува стабилноста во земјата. Клиничкиот центар во Љубљана наводно само ја чекал шифрираната порака, „Натпреварот почна“, која го означуваше моментот, за да на јавноста им се соопшти фактот дека Тито е мртов.
Но, според теориите, претседателот на СФРЈ не издржа, и наводно починал пред зората на 19 февруари 1980 гоина.
Без Јованка
Сите теории на заговор ги негира професор доктор Предраг Лалевиќ, анестезиолог и хирург кој 16 години се грижел за здравјето на Тито.
„Времето кое го објавија како време на смртта на Тито, е забелеано точно во секунда. Тогаш умре, а сето друго што се зборува и пишува се глупости. Лично му ги исклучив апаратите. Бев негов лекар од 1964 година, па се до моментот на смртта. Се сеќавам на некои убави работи“, вели Лалевиќ и потврдува дека Јованка во ниту еден момент не го посетила Тито во болницата во Љубљана.
Размазените светски лидери на погребот
Претседателот на Северна Кореја Ким Ли Сунг не сакаше да отседне во хотелот „Интерконтинентал“, велејќи дека не сака да биде меѓу капиталистите, па на крајот заврши во зградата на корејската амбасада.
Русите не сакале ни да слушнат дека авионот на нивниот лидер Леонида Брежњева слетал било каде, освен на аеродромот Батајница.
Американскиот претседател Џими Картер во последен момент одлучи да не дојде на неговиот погреб за да ја избегне средбата со советскиот лидер Леонид Брежњев, но ја испрати својата мајка.
Францускиот претседател Жискар Дестен не дојде на погребот, туку отиде на франкофонската конференција во Ница, поради што се најде на мета на критика на тамошните медиуми.
Историчарите забележаа дека германскиот канцелар Хелмут Шмит бил нервозен поради долгата изложеност на жештината и сонцето на погребот.
Чарли Чаплин е крив
Тито е погребан два пати. За време на неговата болест во Америка уценувачите ги украле посмртните остатоци од Чарли Чаплин, па организаторите на погребот на Тито, сакале да постават што е можно потежок мермер на плочата, за да тоа не се случи и со остатоците со маршалот.
„Беше јасно дека плоча од девет метри може да се постави на гроб само со помош на дигалки, а така долготраен и неизвесен чин, не би бил баш ефективен пред светските камери. Одлучивме да наместо права надгробна плоча ставиме „маска“, исто така мермер, но значително полесен“, изјави инжинерот на гробницата Драгомир Гавриловиќ, кој додаде дека финишот на погребот бил на 8 мај околу 16:30 часот, кога државниците си заминале, а камерите се угаснаа.
ФБИ белешки
„Вистинскиот“ Тито немал два прста, го заменил Русин
„Маријан Џон Маркул, по потекло од Ливна во БиХ, американски ФБИ, во 1955 година, раскажел дека при средбата со Тито во 1953 година, приметил дека има по пет прсти на секоја рака, додека, како што Маркул тврди, „вистинскиот“ Тито го изгубил средниот прст и показалец на левата рака. Тој дополни дека лажниот, за разлика од вистинскиот Тито, кој го познавал 20 години, бил образован, и одлично свирел клавир. Истакнал дека Броз бил висок околу 180 сантиметри, додека лицето со кое разговарал имало 160 сантиметри и говорел со благ руски акцент. Тој тврди дека вистинскиот Тито исчезнал во Русија во 1937 година, а дека лицето кое го претставувало, бил всушност рускиот генерал Николај Лебедев.
Сталин се обидел да го убие 22 пати
Советскиот лидер Сталин наводно 22 пати се обидел да го убие маршалот – испратил во СФРЈ убијци, делегирал лекари со задача да го отрујат, ангажирал и од тогашната амбасада на Костарика во Југославија да го заразат, му подарил кутија за накит од која чадело смртоносен гас…
„Престани да испраќаш убијци да ме ликвидираат. Веќе заробивме пет… Доколку не престанеш, ќе испратам еден за Москва. И нема да ми треба втор“, наведе Тито во писмото до Сталин.