Агентите на Тајната американска служба, во петокот вечерта, го сокриле претседателот Доналд Трамп во бункер во моментот кога Белата куќа била опколена од демонстранти. Големиот број од демонстрантите почнале да фрлаат камења и да ја поместуваат барикадата. Изгледало како да се обидуваат да влезат внатре.
„Асошиетед Прес“ пренесува дека, според зборовите на еден републиканец, припадниците на тајната служба во петокот, биле принудени да го однесат Трамп во подземен бункер.
Медиумите пренесуваат дека Трамп во петокот вечерта, во бункерот поминал речиси еден час. Посебен бункер под Белата куќа е направен, специјално за претседателот и високите официјални лица, како засолниште во случај на терористички напад или слична вонредна состојба.
Белата куќа засега не сакала да ги коментира ваквите наводи.
„Белата куќа не коментираат никакви протоколи и одлуки“, изјавил портпаролот на Белата куќа.
Тајната служба исто така соопштила дека не говори за методите на своите безбедносни операции. Не е јасно дали во бункерот биле сместени и сопругата на Трамп, Меланија и нивниот четиригодишен син Барон, пренесува „Асошиетед Прес“ и додава дека според протоколот, сите кои се под заштита на тајната служба, требало да бидат сместени во букерот.