Во случај на смрт на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, неговата љубовница е таа која најмногу ќе изгуби, сметаат експертите кои го следат живот на деспотот и неговото поблиско опкружување, пишува nypost, пренесува српски Курир.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој до неодамна ја збуни светската јавност, глумејќи дека е мртов, ги поттикна многумина експерти да анализираат кој најмногу ќе добие, а кој најмногу ќе изгуби од неговата смрт.
Три впечатливи и убави жени се борат за да ја добијат наклонетоста на 38 годишниот деспот, а една од нив е и поп-ѕвездата Хион Сонг Вол, за која многумина веруваат дека веројатно тоа е неговата љубовница.
Во последните неколку недели, сестра му на Ким, која во моментов е шеф на моќниот Сектор за организација и насочување на Северот и која управува со сите аспекти од севернокорејскиот живот, се најде во центарот на медиумите. Многу извештаи кои се пренесоа во јавноста, говореа за неа како можна наследничка на Ким.
Неговата сопруга Ри Сол Ју, која во јавноста е изложена многу повеќе од сопругите на неговиот татко и дедо, има повеќе влијание на него, отколку што на прв поглед може да се види, сметат експертите.
Нивниот брак е уреден, како што тоа е обичај во Северна Кореја. Познато е дека имаат две мали деца, а се претпоставува дека имаат и трето. Ри Сол Ју е поранешна пејачка и навивачка.
Во најновата книга на поранешниот аналитичар на ЦИА, Јунг Х. Пак, пишува дека Ким себе си се гледа како дрска верзија на Џон Ф. Кенеди, а неговата жена како модерна и елегантна Џеки, која се обидува да изгледа и да се однесува како икона на американската прва дама.
„Не мислам дека сопругата на Ким има амбиции да биде вистински политички играч, но има почит од страна на елитата“, изјавил за „Њујорк Пост“, севернокорејскиот аналитичар Брус Бехтол, поранешниот член на Одбрамбената известувачка агенција.
„Таа е апсолутно убава и мислам дека таа и децата ќе бидат сигурни, ако на Ким нешто му се случи. Нема да ја убијат како што беше убиен вујкото на Ким. Можат да ја однесат од земјата, но тоа е сè“, вели Бехтол.
Но, покомплицирана улога од сопругата и сестрата, би моежла да има Хион Сонг Вол, 43 годишната девојка, која, може, но и не мора да биде она што Корејците го нарекуваат „жена голема колку и сестрата“, љубовница која е постара од својот оженет љубовник.
За Хион која била член во женски бенд, познат во Северна Кореја, до неодамна се сметало дека е мртва. Луѓето верувале дека Хион била ликвидирана од војската заедно со членовите на нејзиниот прв бенд во 2013 година, поради нејасните обвинувања кои вклучувале и порнографски видео снимки.
Но, како и во случајот со Ким, извештаите за нејзината смрт биле пренапумпани. Таа се појави недолго по нејзината наводна смрт и сега е главен помошник на Ким и на професионално и на лично ниво.
Таа ја превзема работата која некогаш ја имала сестрата на Ким, која во Северна Кореја се нарекува „директорка на настани“, а која ги вклучува организирањето на сите јавни настани на кои Ким се појавува.
Зависно од тоа кого ќе прашате, а гласините и дезинформациите во тајниот севернокорејски режим се чести, Хион е само стар пријател на Ким од неговите тинејцерски денови, или таа е последната љубовница на неговиот покоен татко Ким Џонг Ил, како и мајка на едно од децата на севернокорејскиот лидер.
Некои извештаи во медиумите тврдат дека аферата меѓу Ким и Хион ја спречин неговиот татко, а потоа повторно почнале да се гледаат по смрта на Ким Џонг Ил во 2011 година и неговото именување како нов лидер на Северна Кореја.
Сестрата, сопругата и љубовницата на Ким биле дел од севернокорејската делегација која влезе во Јужна Кореја во 2018 година, во пресрет на Зимските олимписки игри во 2018 година.
„Хион е многу моќна жена“, изјавил Џејсон Ли, бегалецот кој е роден во Северна Кореја, а сега живее во САД. Тој пораснал како син на политичката елита во Пјонгјанг и има многу заеднички пријатели со семејството на Ким.
„Таа е дефинитинвно помоќна од сопругата, но сеуште не е моќна како неговата сестра“, вели Ли.
Но, за разлика од сопругата и сестра му на Ким, Хион најмногу може да изгуби ако Ким умре или ја загуби моќта, објаснува Ли.
„Тој ја сака својата жена“, изјавил за „Пост“, Мајкл Мадн, директорот и основач на NK Leadership Vatch, известувачката организација која е фокусирана на Северна Кореја.