ЦИА го режирала видеото на кое Садам Хусен води љубов со тинејџери

Во 2010 година американскиот весник „Вашингтон пост“ објави текст од еден автор, поранешен разузнавачки офицер, по име Џеф Стеин, кој детаљно опишува како ЦИА го снимила лажното видео со Бин Ладен во текот на војната во Ирак во 2003 година.

Текстот, кој има и коментари од повеќе извори од членови на оперативни групи на ЦИА, објаснува како агенцијата планирала да направи голем број видеа од Ирак, а на кои подоцна се прикажани неколку контроверзни сценарија.

„Агенцијата, всушност, направила и видео, кое наводно ги прикажува Осама бин Ладен и неговите соборци како седат околу логорскиот оган и разменуваат шише ликер уживајќи во приказните за освојување. Но, еден поранешен офицер на ЦИА потсети дека луѓето во видеото биле избирани така што сите што глумеле имале потемна боја на кожата“.

Други членови на ЦИА признале дека планирале да снимат неколку лажни видеа од поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, од кои во едното бил претставен поранешниот диктатор како има сексуален чин со тинејџери, пишува conspiracyclub.co.

„Тоа изгледа како да е снимено со скриена камера“, рече еден од агентите на ЦИА.

Но, сепак, на крајот ваквите видеа биле откажани затоа што, како што пренесуваат некои од агентите, некои од нив, кои престојувале во Латинска Америка и источна Азија, сфатиле дека обидот да се монтира таква кампања се покажал како неуспешен затоа што никого во тие региони нема да го интересираат видеата како Садам си игра со некои дечиња и дека тие нема да имаат одек на Блискиот Исток.

„Ние секогаш грешиме кога ги сфаќаме сопствените табуа како универзални не сфаќајќи дека тоа се само наши табуа“, вели еден од агентите на ЦИА.

 

 

Scroll to Top