За време на вчерашното појавување пред сенатот и одговарањето на прашањата пред сенаторите за скандалот со приватните информации на корисниците на „Фејсбук“, на првиот човек на компанијата, Марк Цукенберг, случајно му испаднала леќата откривајќи му го жолтото гуштерово око, пренесе парталот babylonbee.com
Додека Цукенберг се поместувал за да се напие вода наводно останал без леќата, па се покажало неговото „вонземјанско око“, пренесе сајтот. Тој веднаш се смирил и се обидел да се фокусира на прашањето на сенаторот.
Во тој момент еден од сенаторите му довикнал на Цукенберг: „Твоето око испадна! Ти се… чудовиште!“, на што Цукенберг му одговорил: „Сенаторе, Ви благодарам, мојот тим веднаш ќе поработи на тоа и ќе ви јави“, пишува порталот.