Пред педесет години, само пет години по атентатот на претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди, убиен е и неговиот помлад брат Роберт Ф. Кенеди, кој за многу демократски гласачи претставувал своевидна надеж.
Денеска, книгата „Убиството на Роберт Ф. Кенеди“, од перото на авторот на Тим Татеа и Бред Џонсон, фрла ново светло на злосторот и буди сомнеж за тоа дали смртоносниот куршум навистина дошол од пиштолот на осудениот атентатор Сирхан Сирхан.
Таа 1968 година, откако Роберт Ф. Кенеди го завршил говорот, Кенеди поминал низ кујната на закажаната конференција за медиуми, но неговиот пат бил прекинат откако пред него се појавило момче кое само ја подигнало раката и пукало во него. По второто пукање, персоналот се борел со напаѓачот, а тој го испразнил целиот шаржер со осум куршуми.
Покрај Роберт Кенеди, во тој момент погодени биле уште пет лица, но тие не се здобиле со повреди опасни по живот. Од друга страна, борбата за неговиот живот сеуште траела. Веднаш бил повикан доктор, а наскоро Кенеди бил префрлен во болница.
Напаѓачот е уапсен, но не сакал да се претстави, па како Џон Доу (НН лице), бил обвинет по шест точки за убиство. Сепак, неколку часа по апсењето, во полициската станица пристигнал Адел Сирхан, кој, по проверката, потврдил дека е во прашање неговиот брат (24).
Пред педесет години, доказите против Сирхан Сирхан, како што било утврдено да се нарекуваат, биле несоборливи. Уапсен бил само неколку минути по направениот злостор, а во неговата рака имал пиштол. Имало сведоци кои потврдиле дека тој пукал. Пиштолот кој бил запленет бил во сопственост на неговиот брат. Искористени биле сите осум куршуми.
Година дена подоцна, бројни новинари и истражители почнале да го насочуваат вниманието кон тоа дека постојат многу недоследности во полициската истрага, па авторите на споменатата книга, како што наведуваат, почнале да ги прегледуваат доказните материјали, убедени дека има сериозни прашања кои останале без одговор. Проверувале се и прегледале илјадници оригинални документи и форензички анализи од снимки и фотографии, а успеале да пронајдат и многу важни сведоци.
„Се што направивме, не донесе до запрепастувачки откритија. Сирхан Сирхан, денес 74 годишен старец, никако не можел да го убие Роберт Кенеди“, наведуваат авторите.
Испукани дури 14 куршуми?
По пукањето, Дивејн Вулфер, главниот криминолог во полициската стнаица, кој бил задолжен за случајот, заедно со фотографот нацртал мапа која ги следела трагите од пукањето на секој од осумте куршуми, испалени од пиштолот на Сирхан. За жал, како што тврдат авторите на книгата, мапата останала недовршена, па во неа не се споменати дополнителните дупки од куршуми, кои биле приметени во дрвениот под во просторијата. На пример, официјалните полициски истраги, покажуваат уште две во двојните врати, а истите недолго по пукањето ги проверил и Вилијам Бејли, агентот од Федералната служба за безбедност (ФБИ) кој за тоа изјавил – Можеше да се види основата на куршумите во секоја дупка. Секој кој ќе каже нешто поинаку, не знае за што говори-.
Пред на медиумите да им биде забранет влез во таа просторија, фотографот од АП агенцијата, направил неколку фотографии на кои може да се забележат двајца полицајци во цивилна облека, кои покажувале кон дупките од куршуми, заглавени во втората рамка на вратата. Според зборовите на еден од нив, во таа дупка, исто така имало куршум. Сепак, целата дрвенарија подоцна ја уништила полицијата, но ако се земат во предвид сите необјасниви траги од куршуми, се чини дека најмалку 14 куршуми биле испукани во тој момент. Сирхан имал само еден пиштол со осум куршуми.
Постоела уште една вознемирувачка противречност. Правниот тим на Сирхан, ангажирал еден од најдобрите балистички експерти кои ги прегледал куршумите кои ги пронашла полицијата. Под заклетва, тој изјавил дека пронашол важни разлики меѓу куршумите со кои е погоден Кенеди и оној со кој е ранет еден телевизиски директор, кој се нашол покрај него во моментите на нападот. Според мислењето на тој експерт, тие два куршуми не можеле да бидат испалени од исто оружје.
Свински уши како тест
Главниот истражител во Лос Анџелес, Томас Ногучи, открил дека смртоносниот куршум бил испукан во тилот на главата на Кенеди. Тоа би значело дека напаѓачот морал да биде зад него кога пукал, но и покрај тоа, всушност сите четири куршуми со кој бил тој погоден биле испукани од грб, од агол кон горе и тоа од непосредна близина. Исто така, тестовите кои се обработени на косата на сенаторот покажале дека таа содржала минијатурни сегменти од куршумите и честичките од јаглерод.
После сето тоа, Ногучи, заклучил дека пиштолот морал да биде оддалечен околу три сантиметри од главата на Кенеди. За да го потврди ваквото тврдење, тој нарачал седум свински уши од локалната фарма и му наредил на еден од полицајците да пука во нив, од прецизно одредено растојание, па потоа да ги испита остатоците од оружјето.
Открил дека имал несоборливи докази за растојанието на напаѓачот и жртвата и дека неговата проценка била точна, а тоа била дека напаѓачот бил оддалечен околу три сантиметри од десното уво на Кенеди. Проблемот бил во тоа што главните сведоци на убиството го говореле истото. Сирхан цело време бил пред сенаторот. Карл Укер, кој го следел Кенеди во таа просторија, рекол – Им соопштив и на официјалните лица надлежни за истрагата дека Сирхан никогаш не бил доволно блиску за такво пукање. Никогаш -.
„Ако истражителот и главните сведоци се во право, Сирхан не испукал ниту еден куршум со кој Кенеди бил погоден. Сепак, се чини дека официјалните лица сакале да го затворат секој правец на истрагата кој наводно водел кон тоа дека постоел уште еден напаѓач. Ногучи подоцна открил и дека му наредиле ништо да не говори. Но, тој одбил, а кога истражителот бил повикан да сведочи, неговите зборови брзо биле прекинати“, наведуваат авторите на книгата.
Тие додаваат дека Ногучи е отпуштен по две недели, по судењето, затоа што се фалел со обукцискиот извештај, мислејќи дека тоа ќе го прослави. Тој одлучил да се бори, па ангажирал адвокат, па веднаш потоа морал да биде вратен во службата.
Збунета полиција
Што повеќе полицијата го истражувала минатото на напаѓачот, толку повеќе станувале збунети. Имено, никој од блиските лица и колеги, не можел да се сети дека Сирхан некогаш покажал било каков интерес за политиката. Неговиот најблизок пријател Иван Валјадрес Гарсија, не можел да поверува дека Сирхан, кого го опишал како неверојатно љубезен и грижливо момче, некогаш можел да пука во Кенеди, кога дури тој никогаш и го немал споменато. Полицијата шпекулирала дека го сторил убиството поради тоа што сенаторот отворено искажувал поддршка за Израел, а Сирхан по потекло е Палестинец.
Неколку месеци пред убиството, Сирхан развил ново хоби, стрелање, а 12 часа пред нападот, тој бил забележан во еден стрелачки клуб, што на полицијата и припадниците на ФБИ, им дало надеж за тоа дека можеби ќе пронајде нови докази, но по сослушувањето на сопственикот на клубот, тој рекол нешто необично: – Недолго откако Сирхан пристигна, дојде и деојка со сина коса која имаше околу 20 години. Почнаа да пукаат, па Сирхан и понудил помош. Но, таа му одговорила да се тргне од неа, затоа што ќе го препознаат -.
Аудио снимка
Непосредно пред пукањето, новинар од Канада случајно го вклучил својот диктафон. Снимката им ја испратил на ФБИ, но тие не ја забележале нејзината важност, но авторите на книгата одлучиле и тоа да го проверат. Побарале копија, а контактирале и со некои од најголемите светски експерти за звук.
Утврдено е дека дефинитивно имало повеќе од осум куршуми, но не само тоа. Некои од нив биле испалени во отприлика слично време, што го зацврстува тврдењето дека имало повеќе напаѓачи. Сепак, еден друг експерт самиот направил истрагата и тој тврди дека дефинитивно имало осум куршуми, но и дека постојат неколку необјасниви звуци на лентата. Исто така снимката ја провериле и ФБИ во 2012 година, а тие соопштиле дека лентата била со многу слаб квалитет, за да може да се потврди колку пукања биле направени и дали воопшто станувало збор за пукотници.
„Со оглед на тоа дека секој втор експерт успешно потврдил дека се работи за звуци од пукотници, невозможноста ФБИ да го утврди тоа е необјасниво“, наведуваат авторите.
На судењето на Сирхан, не е ни спомената можноста за постоење на втор напаѓач, затоа што одбраната се фокусирала на тоа, да го спасат од смртна казна, а за да успејат во тоа, одлучиле да го претстават како личност која има ментални потешкотии. Сирхан во затвор го прегледале девет психијатри и психолози и сите дошле до истиот заклучок. Сирхан е ментално болен. Тој е осуден на смртна казна, но по 18 месеци, Калифорнија, ваквата казна ја исфрлила од правосудниот систем, па пресудата била преименувана во доживотна робија.