Дваесет години по атентатот на демократската реформаторка Галина Старовоитова, нејзината сестра наведува дека не верува дека озлогласениот криминален крал во тоа време Владимир Барсуков, кој бил вмешан во убиството, стои зад ваквиот злостор.
Олга Старовоитова се надева дека оној кој го нарачал убиството на нејзината сестра ќе биде идентификуван и донесен пред судот на правдата. Галина, угледна политичарка и потпретседателка на Демократската руска партија била убиена на скалите од зградата во која живеела, во Санкт Петерсбург на 20 ноември 1998 година.
Во 2005 година осудени се поранешниот претставник на Службата за федерална безбедност и уште еден човек на казна затвор од 20 и 23 години. Во август 2015 година, поранешниот законодавец Михаил Глушченко е обвинет за учество во организација за убиство и осуден е на 17 години затвор.
Twenty years after democratic reformer Galina #Starovoitova was assassinated, her sister says she does not believe that the infamous alleged crime kingpin who was implicated in the slaying was, in fact, behind it — with @SvobodaRadio & @CurrentTimeTv https://t.co/v8dvteqXYN pic.twitter.com/EyRxEc0C1V
— Radio Free Europe/Radio Liberty (@RFERL) November 20, 2018
Неколку месеци подоцна, Глушченко тврдел дека Владимир Барсуков наводниот шеф на подземјето, кој сега е во затвор поради убиство и други злостори, наредил убиство на Старовоитова, поради тоа што го блокирала во воспоставувањето на врските со бројни корумпирани градски официјални лица.
Олга Старовоитова навела дека Барсуков, кој е познат и како Кумарин, можеби бил вмешан во убиството на нејзината сестра, но со сигурност тврди дека тој не го нарачал истото.
Таа истакнала дека можеби постојат неколку луѓе вмешани во нарачување на убиството, додавајќи дека се сомнева на неколку поединци, но не сака да ги именува, затоа што верува во претпоставката на невиност и затоа што нема докази.
Руската безбедносна агенција секогаш била шовинистичка кон жените, особено не ги сака оние кои многу говорат, затоа што тие се предизвик за власта.
Today would have been the 70th birthday of slain Russian activist Galina Starovoitova. May she rest in peace. pic.twitter.com/xAoS1d4YzO
— Will Stevens (@WBStevens) May 17, 2016
Таа напоменала дека убиството на нејзината сестра сеуште е под истрага, која претставува втора најдолга истрага која се одвива во Русија.
„Најдолгата истрага беше онаа за убиството на цар Николај II и неговото семејство, на кое му пресудија Болшевиците во 1918 година“, вели таа.
Барусков е лидер на озлогласената криминална група Тамбов и ја отслужува казната од 23 години за убиство, уцена и изнуда во случаите кои не се поврзани со случајот на Старовоитова.
Барусков бил моќна фигура во Санкт Петерсбург во 90.те години од минатиот век и потпретседател на компанија која се занимава со гориво.
Владимир Путин, сегашниот претседател и тогашен заменик градоначалник на Санкт Петерсбург, доделил непрофитна концесија за бензин во 1994 година.