Убиството на Сулејмани е акт на државен тероризам, Трамп знаел дека немало закана за САД

Доналд Трамп незаконски наредил ликвидација на иранскиот генерал Касим Сулејмани, е наведено во документот кој го објавил американскиот весник „Њујорк Тајмс“. Во истиот е наведено дека Трамп, во моментите кога наредил напад и ликвидација на Сулејмани, знаел дека тој не планирал никаков напад врз САД.

Оттука одлуката на американскиот претседател, да се изврши напад врз иранскиот генерал претставува акт на државен тероризам, сметаат експертите.

„Дописот на двете страници кои Претставничкиот дом ги објавил во петокот, вели дека државниот удар против Сулејмани е извршен како одговор на претходни напади“, пишува во документот кој го цитирал „Њујорк Тајмс“.

Истиот ден кога документот бил објавен, Сенатот усвои закон со кој се бара да се ограничат овластувањата на претседателот против Иран. Експертите велат дека за ваквиот закон мора да се расправа во Конгресот, но за истиот може, американскиот претседател да стави вето.

Експертите сега велат дека Белата куќа лажела кога изјавила дека генералот планирал непосреден напад врз САД, а неговата ликвидација е наводно спроведена за тоа да го спречи. Сега и официјално е потврдено дека САД го лажеле светот, пишува „Њујорк Тајмс“.

Никогаш во историјата, САД не отишле толку далеку во своите постапки. Многупати во минатото САД биле обвинети за ликвидирање на меѓународните актери, кои ги сметале за закана за американските интереси.

Често се пронаоѓале докази за таквите обвинувања, како што се воени злосторства, мачења, сузбивање на опозицијата и слично, но нкогаш таа праска не била така експлицитна како што бил случајот со ликвидацијата на Сулејмани, кого американската војска го убила по налог на американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Scroll to Top