Астероидот широк околу еден километар, вечерва ќе прелета покрај Земјата. Тој е познат како 7482 е откриен во 1994-та година, соопшти НАСА. Покрај него, има уште три астероиди кои ќе минат денеска покрај земјата.
Астероидот ќе биде најблиску до земјата во 22:51 часот по наше време. Астероидот ќе може да го видат и астрономите- аматери со телескоп.
Според наводите на Центарот за проучување на објекти во близина на земјата на НАСА, кој следи потенцијално опасни комети и астероиди кои би можеле да се судрат со нашата планета, астероидот ќе мине на оддалеченост од околу 1.9 милиони километри од Земјата. Но не се очекува да ја погоди земјата, туку ова е најблиску што може да се приближи до земјата во наредните два века, покажуваат проекциите на наса.