Американката Кристал Штраус се омажила за Џон Тиенејн, човекот кој бил осуден за убиство на нејзиниот полубрат Брајан Мекгари и кој поминал 32 години во затвор. За целиот тој период, Џон тврдел дека е невин и дека тој не е човекот кој го убил Брајан.
Брајан бил најдобриот пријател на Џон и тој бил најден мртов со прострелна рана во неговата спална соба во јуни 1989 година, кога имал само 18 години.
Сега Џон бил пуштен со кауција, откако неговите адвокати доставиле нови докази и фотографии, а неговото повторно судење е закажано за овој месец. Неговиот бранител Кимберли Кендал Корал рече дека доколку судијата претходно одлучил доказите да бидат достапни, исходот би бил поинаков.
Снимката од венчавката на Џон и Кристал ја објавила Кимберли на „Инстаграм“, која им била истовремено и матичар.
„Очигледно е дека го сакам. Ако не го сакав, немаше да бидам со него тука“, рече Кристал. Тие велат дека Џон ја побарал за сопруга преку телефон, за време на Нова година, кога и двајцата се исплашиле дека можеби никогаш нема да излезе од затвор.
Кристал со години му пишувала писма во затворот, велејќи дека му простила за убиството на нејзиниот брат. „Ми рече дека тој не го направил тоа“, изјавила Кристал.
Таа првпат му пишала во 2016 година, за време на едно нејзино патување кај езерото Ири. Вели дека до ден денес не знаела што ја натерало да му пише. Но, од тогаш и двајцата биле постојано во контакт.
„И двајцата имаме нешто заедничко. Губењето на Брајан. Од тогаш почнавме да разговараме и се појавија искри меѓу нас“, изјавила Кристал.
View this post on Instagram