На мапите на светот, онакви какви што ги познаваме, им е истечен рокот на траење, вели Ричард Гот, астрофизичар од Универзитетот Принстон во Њу Џерси, за „Њујорк тајмс“.
Мапата „Меркатор“ ја осмислил фламански картограф уште во 1569 година. „Винкел Трипел“ е картографски стил, кој најмногу е обожуван од Nacional Geographic, а е почнат во 1921 година.
Мапата Dymaxion ја промовирал архитектот Бакминистер Фулер, а дебатирала во „Лајф“ списанието во 1943 годиан.
„Се чини дека по малку стигнавме до крајот, до границата на она што може да се направи со мапите. Ако ви треба да направите нешто невидено, потребна ви е нова идеја“, вели Гот.
Гот има идеја да направи карта која ќе биде двостран круг, слично на винилна плоча, па така би можеле да ја ставите северната хемисфера на горната страна, а јужната на долната страна или обратно. На тој начин, луѓето ќе почнат да разбираат колку неточни биле претходните карти.
Ниедна рамна мапа на нашиот тркалезен свет не може да биде совршена. Прво, неопходно е да ја излупите кожата на светот па да ја раширите. Ова создава дистрозии. Ако во училиштето, во кабинетот по географија сте ја имале картата на светот „Мекатор“, можеби сте пораснале убедени дека, на приер, Гренланд е голем колку Африка (а не е ниту приближно), или дека Алјаска е поголема од Мексико (исто така не е). Овој искривен поглед на светот би можел да ве натера да ги потцените земјите во развој, мака и потсвесно.
Исто така, во проекциите на мапите се менуваат и облиците. Се менува оддалеченоста. Линиите се искривуваат. Некои проекции како онаа на мапата „Меркатор“ успеваат да решат некои проблеми, но по цена на некои други. Некои мапи како што „Винкел Трипел“ прават компромиси, обидувајќи се да ги воедначат грешките во површината, насоката и оддалеченоста.
Од 2006 година д-р Гот и Дејвид Голдберг, космолог од Универзитетот Дрексел во Филаделфија, развиваат систем кој би можел да ги собере овие грешки. Но една дисторзија секогаш се повторува: математичкиот засек, од половина до половина на Пацификот. Тој облик никош не може без никакви губитоци да се залепи за сферата.
“This is a map you can hold in your hand.” 🗺️
A fundamental re-imagining of how maps can work has resulted in the most accurate flat map ever made, developed by #PrincetonU‘s @JRichardGott and @RobertVanderbei and @Drexel‘s David Goldberg: https://t.co/Aw14j8m0Xm pic.twitter.com/RLbIMNQmYc
— Princeton University (@Princeton) February 15, 2021
„Ова го уништува целиот глобус“, вели д-р Гот. Неговата нова двострана мапа, која ја осмислил заедно со Дејвид Голдберг и Роберт Вандербеј, математичар од Универзитетот Принстон, успева да го избегне ова тополошко насилство. Едноставно, мапата продолжува преку работ. Без никаков рез, резултатот на дисторзијата кај оваа мапа е многу помал од сите останати мапи кои се користат во моментот, се тврди во студијата што ја подготвува тимот научници.
„Никогаш не ни паднало на ум дека сето ова може вака да се реши“, вели Кристијан Керковиц, унгарски картограф, кој исто така работи на свои проекции.
Иако новите мапи не успеваат да решат некои дисторзии, д-р Керковиц успеал да воочи сосема нова слабост. Во еден момент може да ја видите само половината од светот. Тоа ја оневозможува основната премиса – цел свет да го раширите пред вас и да го проучувате на една страница или на екран. Ако го прашате Гот, оваа воопшто не се разликува од тродимензионалниот глобус.
Но Керковиц не е сосема убеден во тоа. Конечно секогаш можете малку да го ротирате глобусот за да го видите опкружувањето. Успешноста на една мапа ќе зависи од нејзината примена, од тоа дали со време ќе расте нејзината популарност.
Гот осмисли нов стил на мапа, како физички предмет што може да го вртите во раце. Можете да исечете една мапа од списание, или би можеле да имате неколку со прикази на различни планети или различни податоци. Тој се надева дека секој ќе посака да испечати своја мапа, користејќи ги упатствата што се наоѓаат во неговата студија.
„Залепете ги заедно со двостран селотејп, мислам дека тоа е подобро од обичен лепак, иако може и него да го искористите. Потоа исечете ја, најдобро е да користите картон“, вели Гот.