Британецот Џереми Бамбер одлежал 33 години во затвор за убиство кое никогаш не го направил. Тој е обвинет и осуден уште во 1985 година, за убиство на целото негово семејство во родната куќа. Целиот свој живот Бамбер го поминал тврдејќи дека тој не го сторил убиството и собирал разна документација за да ја докаже својата невиност.
Убиството се случило во 1989 година. Бамбер бил излезен и веднаш повикал полиција кога дознал за злосторот. Неговиот татко му јавил дека една од сестрите почнала да ги убива сите со неговата пушка. Бамбер пристигнал со полицијата, но веќе било предоцна. Сите биле мртви. Мебелот бил превртен наопаку, што укажало на голема борба.
Никогаш не се утврдил редоследот на настраданите лица, но заклучокот на крај бил сведен дека една од ќерките Бамби, ги убила сите, овен посвоениот брат Бамбер, кој во тој момент бил излезен. Бамбер станал главен осомничен, а подоцна и обвнети откако неговите роднини го нашле клучниот доказ.
Откако имотот бил наследен, новите сопственици во еден од плакарите нашле пригушувач за пушката. Тој бил исчистен од крвта, а полицијата врз основа на тоа заклучила дека Бамби не е таа која го извршила убиството и дека не е можно пред самоубиството, таа да го исчисти пригушувачот. Бројни сведоци го срушиле неговото алиби.
Бамбер бил осуден, а по повеќе од една деценија тој сега вели дека може да ја докаже својата невиност. Собирајќи голема документација, тој тврди сега дека може да докаже дека не бил на местото на злосторот, во ноќта кога се случило убиството.
Неговиот правен тим тврди дека пронашле телефонски дневник, кој покажува дека Бамбер ја повикал полицијата од својата куќа, која била оддалечена четири километри од семејната куќа во која се случил масакрот. Неговите адвокати велат дека ова е доказ дека неговата сестра Бамби, која патела од шизофренија, го извршила убиството.