Рускиот претседател Владимир Путин со богатство од 220 милијарди долари, ќерки кои ги крие далеку од очите на јавноста и цврстите врски со организацијата КГБ, денес се смета за еден од најмистериозните политичари во светот.
Во пресрет на состанокот со неговиот американски колега Џо Бајден, кој го нарече Путин убиец, британски „Сан“ објави текст за неговиот живот исполнет со голем број мистерии.
Темата на состанокот со Бајден не е позната, но, се претпоставува дека на неа се разговарало за мешањето на Русија во американските избори, сајбер нападите и воените тензии со Украина.
Раскошниот живот на Путин, матаното минато и деспотскиот карактер се целосна спротивност на Бајден, кој многумина го сметаат за „несмасен“ чичко на американската политика, пишува британскиот таблоид „Сан“.
Путин веќе го означи Бајден како кариерен политичар со холивудски обиди да делува како еден мачо тип. Додека рускиот лидер сака да позира без кошула, во лов или додека тренира џудо, фотографиите на Бајден се полни со сладолед и кучиња, пишува „Сан“.
Таблоидот додава дека зад мачо личноста на Путин се кријат матните пари и нивото на власт од кои и најлошиот негативец во некои од филмовите за Џејмс Бонд би поцрвенел.
Неговите непријатели често умираат или едвај преживеале атентати, а опозиционите активисти тврдат дека неговото богатство изнесува 160 милијарди фунти и дека е сопственик на голем број скапи автомобили, јахти и тајни палати.
Ако овие тврдења се точни, како што пишува „Сан“, тоа би значело дека Путин е најбогатиот човек на светот и дека е побогат и од Илон Маск и Џеф Безос.
Путин тврди дека неговото богатство е значително помало и тврди дека живее од релативно скромната државна плата од околу 100.000 фунти. Од друга страна богатството на Бајден е проценето на околу 6.3 милиони фунти, што е околу 0,0004 проценти од богатството на Путин.
Критичарот Борис Немцов кој го составил досието за Путин, смета дека рускиот лидер има четири јахти скриени низ Русија, како и 43 авиони, 7000 автомобили и 15 хеликоптери, вклучувајќи и една златна тоалетна школка вредна 50.000 фунти.
Немцов понатаму наведува дека рускиот лидер има колекција на часовници вредна 500.000 фунти и еден примерок кој вреди 300.000 фунти. Една од неговите најраскошни вили е палатата Геленџик на Црното море вредна милијарда фунти, која, како што пишува „Сан“, има дури и шипка за стриптизети.
Целото богатство Путин ќе го остави на своето семејство, вклучувајќи ги и љубовниците и тајните ќерки. Се верува дека со неговото богатство управува милијардерот Јури Ковлчук, кого опозицискиот Проект Медиа, го опишува како втор најмоќен човек во Русија.
Неодамна во јавноста се појавија информации дека продржавната медиумска група со која Ковалчук има блиски врски, ја плаќа љубовницата на Путин, олимписката гимнастичарка Алина Кабајевa (37), речиси 8 милиони фунти годишно и дека таа е претседателка на групацијата.
Руската банка ја плаќа приближно истата сума како алиментација на поранешната љубовница, Светлана Кривоноги, чистачката, која подоцна станува милионерка. За неа Проект Медиа тврди дека е мајка на вонбрачната ќерка на Путин, Луиза.
Се верува дека империјата на Ковалчук, индиректно ги финансира двете ќерки на Путин, Марија Воронцова (35) и Катерина Тихонова (34) од бракот со Људмила, кој завршил во 2013 година. Ковалчук, е матна фигура, која тежи 1,8 милијарди фунти и контролира некои 90% од традиционалните медиуми во Русија.
Со други зборови, сите важни жени на Путин се подмирени со помош на неговиот личен советник. Иднината на Катерина, Марија, Светлана и Алина, се во сигурни раце на Јуриуј Ковачук, наведува Проект Медиа.
Вонбрачната ќерка на Путин, Луиза Розова (18), позната и како Елизавета, е студентка која има модна марка и работи како диџеј. Нејзините „Инстаграм“ налог е полн со фотографии од нејзиниот луксузен живот, иако на никого не му е јасно од каде и се толку пари.
Токму поради тие фотографии се рашириле гласини дека таа му е ќерка на Путин, пишува британски „Сан“. Путин никогаш не ја признал јавно за ќерка, ниту пак ја признал врската со нејзината мајка, која исто така ништо досега не открила јавно.
Тинејџерката многу личи на Путин, нешто што и самата го има признато, но, не сака да ги коментира врските со рускиот лидер.
Се верува дека Путин имал афера со нејзината мајка на крајот на деведесетите години и почетокот на 2000 година, кога бил на чело на руската контраразузнавачка служба ФСБ.
Ќерката Марија е генетичар, а Катерина, танчерка која станала математичарка. Иако ниту една од нив не е идентификувана како ќерка на Путин, ова е јавна тајна во Русија, пишува „Сан“.
Дури и самиот Путин ги споменувал Марија и Катерина, но не давал никакви детали за нивните животи или работа.
Освен што може да си го обезбеди семејството, богатстовото му овозможува на Путин да живее како цар во неговите луксузни палати.
Медиумите во 2017 година, пренесле дека Путин си купил раскошна викендица со златни плочи во базенот, оддалечен неколку километри од западната руска граница. Официјално, вилата припаѓа на блиски негови пријатели, но, локалните жители велат дека тоа е една од неговите куќи.
Додека ужива во луксузниот живот, Путин истовремено се пресметува со неговите непријатели и расчистува со сите закани на неговиот режим. Тој често ги затвора своите противници или нарачува нивно убиство, пишува „Сан“.
Алексеј Навални во моментов му е непријател број еден. Путин се обиде да го отруе со нервниот агенс „Новичок“. Најмалку осум истакнати критичари на неговиот режим, мистериозно се разболеле или умреле, што ги поттикнало приказните за нивно труење.
И додека методите се разликуваат, од отровни дождови, до обложени рачки од врати или долна облека, па се до обичено турање на отров во храната и пијалоците, исходот генерално е ист. Противникот секогаш бил отстранет.
Освен Навални, британската јавност добро се сеќава на случајот со Скрипаљ, поточно труењето на двојниот агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија. Тие беа отруени во март во 2018 година. Двајцата беа отруени со нервниот гас „Новичок“, кој бил премачка на кваките во нивната куќа во Солсбери.
Од 2004 година, осум непријатели на Путин мистериозни се разболеле. Ана Политиковска е отруена откако испила чај кој стјуардесата Аерофлота им го дала во септември 2004 година. Две години подоцна, таа била убиена во Москва.
Виктор Јушченко останал унаказен откако изел јадење со хемикалијата TCDD во септември 2004 година. Тој успеал да се опорави и да победи на украинските претседателски избори. Тој бил на чело на државата од 2005 година до 2010 година.
Александар Литвиненко умрел откако бил отруен со радиоактивен полонијум во Лондон во 2006 година. На смртната постела тој го обвинил Путин за убиство.
Владимир Кара Мурца, се разболел откако бил отруен во авион во 2015 година. Се верува дека повторно бил отруен во февруари 2017 година.
Пјотр Верзилов бил хоспитализиран откако се разболел во Москва, каде бил на судењето на опозицискиот бенд „Пуси Рајот“ во септември 2018 година.
Сергеј и Јулија Скрипаљ, беа отруени со „Новичок“ во нивниот дом во Салсбери. Алексеј Навални се разболел на еден локален лет. Се верува дека испил отровен чај, иако се појави извештај за натопен гас „Новичок“ на неговата долна облека.
Поминаа речиси две децении откако Путин излезе од сенката по падот на Советскиот сојуз. Поранешниот КГБ агент, кој во еден момент бил стациониран во Источна Германија, каде работел како преведувач, станал политичар во 1990 година.
По метеорскиот подем, низ редовите на постсоветска Русија, Путин станува претседател во 2000 година. Од тогаш се нема симнато од власта, било како премире, било како претседател.
Откако, наводно, го вознемири падот на Муамер Гадафи во 2011 година. Путин ја зацврсти својата контрола и го промени изборниот закон и го задуши секое противење на неговата власт.
Критичарите тврдат дека Путин повеќе сака да ја задуши Русија во крв, отколку да се откаже од власта. Со промената на уставот, Путин сега може да биде на функција до 2036 година. Иако се шпекулица дека неговата здравствена состојба е нарушена, Путин вешто ги демантира таквите тврдења, со објавување на фотографии на кои игра хокеј, и оди на лов и прошетки низ Сибир.