Исламската држава објавила ново страшно пропагандно видео, во кое се закануваат дека ќе го убијат американскиот претседател Доналд Трамп и ќе го запалат градот Сиетл.
Двата канали на Исламската Држава на социјалните мрежи во четвртокот објавија видео во кое е прикажан Доналд Трамп во маскирана униформа со врзани раце во кое џихадистите му насочуваат пиштол во главата.
Другите џихадисти стојат покрај него и ја говорат страшната закана:
„Наскоро во твојата земја ќе се случи несреќа. Целата ќе ја исполниме со јагленисани черепи“.
На другата снимка Трамп е во портокалова затвореничка униформа во која Исламската држава ги облекува своите жртви, пред да ги егзекутира.
Пропагандното крило на Исламската држава објави и снимка на која терорист стои со вперен пиштол во главата на возач на камион и почнува да се подготвува за напади врз САД и на целиот Запад.