(Видео) Езеро во Индија мистериозно поцрвене

Езеро во Индија, старо повеќе од 50.000 години, стана розево, а експертите немаат точно објаснување како тоа се случило. Езерото Лонар во државата Махараштра, ја променила бојата пред неколку дена. Ваквата појава наишла на големо изненадување кај луѓето во околината.

Експертите сметаат дека причината за промената на бојата би можела да биде зголемувањето на соленоста на водата, процентот на алги или комбинација од овие два фактори, како што тоа било случај со соленото езеро во Јута или езерото Хилијер во Австралија.

Гајанан Карат, локален геолог, изјавил во видеото објавено на „Твитер“ на туристичката организација на Махараштра, дека тоа се случувало и претходно, но дека не било до толку изразено како сега.

„Изгледа дека езерото е црвено оваа година затоа што се зголемила соленоста“, изјавил тој и додал дека количината на водата во езерото била намалена.

Карат напоменал дека научниците го истражуваат присуството на црвени алги и дека тоа е причина за промената на бојата на водата. Примероците се испратени во неколку лаборатории.

„Кога ќе бидат проучени, тогаш ќе можеме со сигурност да кажеме зошто водата во езерото станала црвена“, изјавил Карат.

Езерото кое се наоѓа на околу 500 километри од Мумбаја, настанало по падот на метеорит на Земјата, пред околу 50.000 години.

Научниците ширум светот со години го истражуваат, а со време истото станало и популарна туристичка атракција.

 

 

 

Scroll to Top