Објавен е документ кој покажува дека американското ФБИ истражувало илјадници случаи на исчезнати говеда во дел од Американскиот среден Запад, во периодот од седумдесетите години на минатиот век. Но, безуспешно.
Водечкиот експерт во ова подрачје, не е сигурен за што се работи – но, тој изјавил дека објаснувањето нималку не е неинтересно. Тие кои не веруваат во теории на заговор, се склони да веруваат дека брутално измасакрираната стока, е жртва на некоја природна катастрофа, или на садистички и болни шеги. Но, заговорниците нагласуваат дека нападите се извршени со хируршка прецизност. Земјоделците низ некој дел од светот, најчесто во американските држави како Јужна Дакота, Колорадо, Канзас и Невада, со векови сведочат за тоа како ги наоѓале своите драгоцени домашни животни, мртви и со отсечени органи, вклучувајќи ги и јазикот, срцето, црниот дроб, анусот, гениталиите. Телата биле отсечени прецизно, како да било направено тоа со ласер. Според документите на агенцијата на ФБИ, јасно се гледа дека, по овие настани, сите останале збунети, па дури и најголемите истражувачки умови. Во многу случаи, жителите на местата во кои биле пронајдени мртви и осакатени животните, мештаните рекле дека виделе во најмал случај чудни летала – хеликоптери со чуден облик или НЛО – баш во подрачјата во кои подоцна стоката била масакрирана.
Оваа појава ги загрижила истражувачите кои се посомневале дека зад сето тоа стои Владата, и од непознати причини и кој знае со каква цел – иако бранот на осакатување се случил истовремено кога се случила и хистеријата од светски размери со летачките чинии. Некои пак веруваат дека зад целата приказна се крие нешто друго.
Линда Моултон Хов, основачката на „Earth fails“, тврди дека истиот образец за „безкрвава ексцизија“, е документиран кај сите видови на домашни и диви животни. Обично ушите биле отстранети со прецизен рез на черепот, очите се отстранети без никакво крварење или протекување на течности, а често постои и скриен круг околу изваденото око.
Јазиците се отсечени до длабочина на грлото, а ушите обратно кон неботото. Месото на вилицата е прецизно отсечено, обично во облик на „клучарник“.
„Гениталиите, и машките и женските, се отстранети во вид на уредни, длабоки и кружни резови. Во речиси сите случаи, реткумот е отстранет заедно со околу 6 инчи ткивото и 6 или повеќе сантиметри, во длабочина на телото на животното. Кога е во прашање женката, вагиналниот отвор и трактот, истите тие се отстранети заедно со ректалното ткиво“.
„Разговарав со шерифот во општината Логан во Колорадо, кој е ветеринар, и ми рече дека ја извршил обдукцијата на свежо осакатената крава на пасиштето, по што откри дека целото срце на кравата е отстрането од внатрешноста на градите, без никакви повреди на околното ткиво на перикардот“, изјави Линда Моултон Хов за „Спутник“.
За изведување на вакви оперативни зафати неопходно е молекуларно спефицични хируршки уреди, способни да ја пресечат кожата, мускулите и коските, за да го отстранат ткивото на одреден орган без оштетување и осакатување на телото – такво нешто нема на Земјата.
Само во САД постојат преку 10.000 документарни случаи на збунувачки осакатувања од 1995 година и во ниту еден случај, кој беше предмет на истрагата на полицијата, никогаш не беше утврден виновникот на одредена личност или предатор.
Сточарите ваквите случаи ги чинат илјадници долари.
Велат дека секој настан се случувал по следниот редослед – Животното се подига од локацијата А, на локацијата Б, каде му се исцедува крвта и му се прават необични резови.
Потоа животното се остава на локација Ц, која се наоѓа внатре во подрачјето на локацијата А.
„Ниту еден знак на напад од предатор, никаков знак на големо крварење и никакви знаци на борба со животни, ништо!
Животното е поставено на грб, а во некои случаи е создадена и кружен облик на земјиштето додека животното се врати назад. Сакатењето се одвива со векови. Индијанците исто така имаат приказни за осакатувањата на животните кои се случиле пред да Европјаните ја населат Северна Америка“, изјави Зуковски.
Додаде дека сакатењето се случувало повеќе пати во рок од седум дена, без разлика дали било во истото подрачје или во различни држави. „Имаа само едно во Колорадо, а во рок од три дена во Мисури“, и во некои негови истражувања на животните се пронајдени како лежат во кружни пасишта во земјата.
Анализата на земјиштето покажало дека местото околу животното, е помалку растворливо во вода, за разлика од таа која е надвор од кругот, што и да се случило во кругот, се промениле хранливите работи во земјата – истиот резултат е забележан во различни случаи во одвоени американски држави, Колорадо, Мисури и Џорџија, кои го немаат истиот тип на земја.
Тој верува дека недостатокот на крв на местото на кое е најдено животното, без очигледни знаци на борба на животното и многу специфично природно сакатење, прецизно сечење на кожата и јазикот отсечен од кроен, укажуваат на тоа дека животното го земала и осакатила некоја тајна служба, а скршениот граден кош и коски, докажуваат дека животното го фрлиле од некоја одредена висина на местото на кое е пронајдено мртво. Најинтересно е тоа што вештаците, често, не сакаат да се приближат до местото на лешот.
Што се однесува до оние кои го осакатиле ова суштество, господин Зуковски вели дека доказите силно укажуваат на некој кој не е човечеко суштество.
Во случаите кои ги истражувал, сведоците виделе „светлечки топки“, во близина на местото на кое животните се „киднаприрани“, а во некои случаи и вселенски летала.
Тој исто така смета дека необележените хеликоптери кои се видени на некои локации се знак дека американската Влада води сопствена истрага за настаните.
Што се однесува до тоа, дали може да постои логично објаснување, господин Зуковски е недвосмислен – „апсолутно не!“.
„Говориме за животни кои биле живи само неколку часа претходно, без никкави симптоми на болести, кои подоцна се пронајдени мртви и осакатени. Кој го прави тоа? Имам своја теорија, што ги прави овие истраги исклучително опасни, затоа што не сакате да бидете на вистинското место во погрешно време. Имало и некои случаи на осакатување на луѓе“, додава тој.
Овие напади и осакатувања не се случуваат само во САД.
Зуковски непрекинато прима мејлови од истражителите од други земји, кои бараат помош, вклучувајќи ја и Австралија, Нов Зеланд, Доминиканската Република и Обединетото Кралство.
Тој приметува дека некои осакатувања во Велика Британија стигнале и до мејнстрим медиумите, вклучувајќи ги и осакатувањата на јагнињата, осакатените овнови, елени, лисици, јазови. Освен тоа, секој јуни, овците исчезнуваат во Бледфеј.
Ник Попа, кој ги истражувал НЛО и другите таинствени појави од Министерството за одбрана на Велика Британија во периодот меѓу 1991 и 1994 година, вели дека тешко е да се процени реалниот опсег на овој феномен, поради тоа што индустријата на осигурвање има политика која не ја исплатува оштетата на земјоделците, ако нивните животни се убиени на таинствен или непознат начин.
Мистеријата за осакатените говеда е исклучително вознемирувачка и постојат многу различни теории, вклучувајќи ги и активностите на предаторите, сотонистите, тајните воени експерименти и вонземјански активности.
Теоријата за военото учество нема смисла, затоа што Владините научници веќе имаат објект каде се вршат тестирањата на животните, така да немаат потреба да спроведуваат дополнителни, незаконски тестирања, но не успеав да пронајдам дефинитивно објаснување за текот на работата на мојата Влада“, изјави Попа.