(Видео) Француски ловци го уништија конвојот со кој Гадафи сакал да побегне, снимени последните моменти од животот на поранешниот лидер на Либија

На денешен ден пред точно 10 години, на 20 октомври беше убиен либискиот лидер Муамер-ел Гадафи. Тој беше брутално убиен во околината на неговиот роден град Сирт.

Гадафи, кој се обидел да избега со колона возила во внатрешноста на земјата, бил пресретнат од британски и француски известувачи, кои со помош на француските ловци мираж, извршиле напад над конвојот. Гадафи бил фатен ранет, додека се обидел да со сокрие во бетонска цевка.

Толпата народ која го извлекла го претепала и брутално силувала, а потоа и го убила. Тогаш исчезнал и неговиот златен пиштол. По неговото прикажано тело и потврдата дека е убиен, неколку сега веќе поранешни лидери на ЕУ можат полесно да спијат.

Фотографиите и снимките од крвавиот Гадафи биле направени со мобилни телефони, а потоа неговото тело било префрлено во Мисрат. Бунтовниците не го штеделе. Се изживувале над него, а еден од нив го силувал со бајонета, додека други го тепале и шутирале.

Кога бил ставен во амбулантно возило, неговото тело веќе било измачено, па останува нејасно дали починал од насилство, рани или затоа што бил застрелан со куршум.

Во последните часови било соопштено дека е убиен и неговиот син Мотасим. Неговиот друг син Саиф е во бегство. Либијците ширум земјата веста за смртта на Гадафи ја прославија со песни, танци и пукање низ улиците на Триполи, Бенгази и другите либиски градови.

За потсетување, Гадафи владееше уште од воениот пуч во 1969 година, па сè до почетокот на револуцијата во февруари 2011 година. Приказните за милионските износи за изборите и финансирањето на долговите веќе се паднати во заборав.

Либија потона во хаос со две влади, толпа милиции и калифат на исламската држава. Во 42 години владеење на Гадафи, тој успеа со помош на експлоатација на нафтата, да ја издигне заостанатата пустинска Либија во држава со најбогато население во арапскиот Блиски Исток, односно Северна Африка.

Покрена бројни социјални програми во различни сфери, образованието, јавните оштествени работи, здравството и слично. Животниот стандард на просечниот Либијец се подобрувал, а од една од најсиромашните земји во Африка, Либија се пртвори во регионален лидер.

Според извештајот на ОН од 2010 година, Либија била високоразвиена земја на Блискиот Исток и Северна Африка, со ниво на писменост од 88,4%, просечен животен век 74,5 години, а постоела и еднаквост меѓу половите и слично.

Десет години откако Гадафи беше заробен и ликвидиран, Либија и понатаму е нестабилна, со политички и воени ривали кои ја саботираат одржливата држава и се борат против џихадистите, а наслението вели дека е исцрпено од недостигот на струја, растот на цените и недостигот на пари, додека властите и милицијата секојдневно се борат за контрола над растурената земја богата со нафта.

 

 

 

 

Scroll to Top