„Google Mars“ е прилично интересен концепт. Тој ја покажува интерактивната карта на Марс, но и многу од тоа, остава на вашата имагинација.
Можно е да секој астроном од фотелјата, го искористи истиот, и на тој начин биде првиот кој би го пронашол животот на Марс. А изгледа дека еден од нив можеби и го нашол, или барем тоа го тврди Давид Мартинс, наведува порталот NPR.
Снимката, на која е прикажано местото кое Мартинс го нарекува „Биостаница алфа“, на големо го подели мислењето на корисниците на интернет.
Додека наводниот објект се појавува на „Google Mars3, научниците ја оспоруваат идејата дека тоа покажува дека постои живот на Марс. На снимката кој ја направи сателитот на Марс, јасно се гледаат некои стаклени структури.
Според зборовите на експертите, базата содржи соларни ќелии, а освен тоа, покрај неа се наоѓа и моќен радар.
Корисниците на интернет имаат поделени мислења на кој начин на Црвената планета се појавила оваа база. Некои сметаат дека објектите ги направиле вонземјани, додека други се уверени дека американската тајна база, го пренесува „Halturner show“.
Планетарниот геолог Алфред Мкевен, од Универзитетот во Аризона, вели дека на „вселенските фотографии кои се направени над нашите магнетосфера, како оние кои ги направиле орбитирачките телескопи, прилично е вообичеано да се гледаат овие вселенски зраци.
„Тој вели дека е во прашање грешка предизвикана од одразот на сонцето, но дури ни тој не знае која камера ги снимила и не знае каде се наоѓаат сировите податоци“, вели Мартинс.
Оригиналната видео-снимка, која имала повеќе од 1,2 милиони прегледи, е повлечена од Јутјуб, но подоцна повторно е објавена.