(Видео) Грчки капетан одбил да ја бомбардира Југославија

Грција за време на бомбардирањето беше дел од НАТО, но од политички причини не учествувала во воздушните напади. Но, морнарицата добила наредба да вплови во Јадранот, но еден од капетаните се спротивставил на наредбите, пишува „Курир.рс“.

Маринос Рицудис, некогашниот капетан на бродот „Темистоклис“ и потпоручник на воената морнарица, во 1999 година ја одбил наредбата да учествува во бомбардирањето на Југославија и наместо да тргне во војна, тој храбро го вратил бродот назад во пристаништето.

„Како православен не можам да учествувам во нападот на братскиот народ“, изјавил тогаш Маринос.

Поради тоа, тој бил осуден од страна на Воениот суд на три години затвор во Грција, а Србите го прогласиле за свој херој.

Првата понуда на Србија да му биде доделен орден, тој ја одбил скромно велејќи дека не му е потребно ништо и дека тој го заслужува храбриот народ кој водел борба против сите знаејќи дека немале никакви шанси.

Сепак, во јануари 2018 година светиот архијерејски Синод СПЦ му го доделил орденот „Светиот цар Константин“ поради неговата жртвена љубов кон братскиот српски народ одбивајќи да учествува во НАТО-бомбардирањето на Србија во 1999 година.

„Длабоко сум трогнат и не можев да верувам дека по 18 години, откако одбив да учествувам во неправедната војна против овој народ, да ја доживеам честа и благодарноста од моите браќа православни браќа Срби. Сите жртви на вашиот народ, традиција, култура, беа најзначајна инспирација за мене и чувствувам благодарност кон сите вас“, изјавил во една пригода Рицудис.

 

Scroll to Top