Јапонски судија го осуди шефот на мафијашката организација јакузи Сатор Номура (74) на смртна казна. Тој беше осуден во вторникот затоа што го наредил убиството на тројца јапонски граѓани. Откако судијата ја донел одлуката, Номура му се заканил дека ќе зажали.
„Побарав чесно судење. Ќе зажалиш за оваа одлука до крајот на животот“, му рече Номура на судијата кој ја донесе смртната пресуда.
Номура е шеф на криминалниот клан „Кудо-каи“, од југозападна Јапонија. Тој ги негирал сите обвинувања. Окружниот суд Фукуоки потврди дека тој е осуден на смрт, додека јапонските медиуми објавија дека пресудата била донесена и покрај недостигот на докази.
Мафијата јакуза во Јапонија долго време се толерира како нужно зло. Таа се користи за осигурување на редот на улиците и брзо извршување на задачите, без разлика на средствата.
Но, во последните неколку децении строгите прописи против бандите, слабеењето на социјалната толеранција и слабата економија довеле до постојан пад на членовите на оваа мафијашка организација.
Како што пренесуваат медиумите, според пресудата, Номура е осуден за наредено убиство во 1998 година на поранешен влијателен шеф на рибарска задруга. На него му се судело и за напад на роднините на жртвата и убиства во 2014 година.
Тој бил суден и за напад со нож на медицинска сестра, која се грижела за него во клиниката во која тој се лечел, јавуваат јапонските медиуми. На товар му биле ставени и напад од 2014 година, кога бил застрелан полицаец, кој ја истражувал неговата мафијашка организација.
Полицаецот преживеал, но се здобил со тешки повреди. Обвинителите тврдат дека сите напади биле извршени од страна на припадници на организацијата Кудо-каи, на чие чело бил Номура. Јапонија е една од ретките развиени земји која сè уште ја нема укинато смртната казна.
Јавната поддршка за смртна казна во Јапонија и понатаму е висока и покрај критиките од меѓународната јавноста и здруженијата за човекови права.