Многумина сметаат дека 15 април претставува кобен или проколнат датум, затоа што на овој ден низ историјата се случиле голем број катастрофи кои го погодиле целиот свет.
По страшните слики од пламените јазици кои минатата година ја проголтаа катедралата Нотр Дам во Париз, многумина на социјалните мрежи се потсетија на уште неколку трагедии поврзани со овој датум.
Пожарот на Нотр Дам
Веста за пожарот кој во понеделникот на 15 април 2019 година ја проголта париската катедрала Нотд Дам, многу брзо се рашири низ целиот свет. На улиците низ Париз излегоа илјадници луѓе во солзи и гледаа како исчезнува значаен дел од нивната историја и еден од симболите на градот.
Емотивни реакции и изрази на жалење и сочувство пристигнуваа од целиот свет. Катедралата е вкоренета длабоко во историјата на Париз, откакко во 1163 година почнала нејзината изградба која траела речиси девет века. Пожарникарите успеаа да го спречат рушењето на главното ѕвоно и се обидоа да ги спасат верските реликвии.
Беа спасени и некои од непроценливите уметнички дела. „Повторно ќе го изградиме Нотр Дам, сите заедно“, вети тогаш францускиот претседател Емануел Макрон.
Нешто подоцна луѓето ја забележаа чудната случајност со датумот, 15 април.
Бомбашкиот напад во Бостон
На истиот датум во 2013 година се случи бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон. Две бомби експлодираа кога првиот од 27.000 учесници стигна на целта.
„Видов две експлозии. Првата настана во близина на целната линија. Слушнав силен тресок, а потоа се подигна дим. Продолжив да трчам, а потоа слушнав уште една експлозија. Луѓето се удираа и се туркаа, трчаа крвави“, а опиша страшната слика новинар од Бостон, Хералс, кој го трчал маратонот.
Во страшната експлозија загинаа тројца луѓе, од кои едно осумгодишно момче, а беа повредени 264 луѓе, од кои некои останаа без раце и нозе. Но, нападот на Бостонскиот маратон не е единствената катастрофа која се врзува за датумот 15. април.
Катастрофата на „Хилсборо“
Многумина се сеќаваат на 1989 година и катастрофата која се случи на „Хилсборо“, една од најголемите спортски трагедии во историјата. На пренаполниот стадион „Хилсборо“ во Велика Британија, во полуфиналниот натпревар на ФА купот, играа тимовите на Ливерпул и Нотингем Форест.
Поради грешка на организаторот, на стадионот кој може да прими 39.000 гледачи на трибините, биле пуштени 54.000 навивачи. Откако некој ја отворил заштитната ограда, настанало стампедо, во кое загинаа 96 фанови на Ливерпул, а беа повредени повеќе од 700 луѓе.
Несреќните навивачи останале згмеени или прегазени на оградата. Истрагата покажала дека речиси половина од изгубените животи, 41 од 96, можеле да бидат спасени, ако добиле соодветна лекарска помош по несреќата.
Потонувањето на непотонливиот Титаник
На 15. април се случила уште една светска трагедија, која се случила во 1912 година. Во раните утрински часови, во северниот Атлански океан, по ударот во еден глечер, потона британскиот брод Титаник.
Овој величествен британски патнички брод тргнал на своето прво патување на 10. април од Саутемптон во Њујорк. Најпознатиот брод на своето време, Титаник, поради непропусни прегради, испловил како непотонлив.
По само четири дена, околу 23:40 часот, Титаник со брзина од 22 чвора, удрил во санта лед кој му го пробил трупот и бродот почнал да тоне. Во катастрофалната хаварија животите ги изгубиле 1517 луѓе.